Неверојатна реклама: „Angry Birds“ во живо
Верувале или не, но во Барселона се сними една од најдобрите реклами на сите времиња. Имено, веќе култната игра „Angry Birds“, која до 17 јуни е симната преку 250 милиони пати, доби своја изведба во живо, за потребите на снимањето на рекламниот спот на мобилниот оператор „T-mobile“.
За промоцијата на нивниот асортиман на паметни телефони, тие направија неверојатна симулација на видеоиграта во реалниот свет, со дебели топчести птици и прасиња кои експлодираат. Погледнете и уживајте.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук