Неверојатна приказна за жената која била сурогат мајка на детето на нејзиниот син
29-годишната Кајла Џоунс од Арканзас само сакала да има семејство со нејзиниот сопруг Коди. Но за жал, на 17-годишна возраст имала делумна хистеректомија, а ова го отежнало остварувањето на нејзиниот сон. Единственото решение било да се најде сурогат мајка.
„Моите јајници не беа отстранети, па може да имам биолошко дете, но не можам самата да го носам. Токму поради ова јас и мојот сопруг моравме да најдеме сурогат мајка.“
По неколку неуспешни обиди, парот решил да побара некој поблиску до дома.
„Сопругот и јас се венчаваме во 2012-та година, а мојата свекрва секогаш се шегуваше за тоа да биде наша сурогат мајка. По неколку неуспешни обиди, почнавме посериозно да ја сфаќаме.“
По многу тестови, истражувања и скептични доктори, мајката на Коди, Пети, била одбрана да го носи нивното дете. Првиот обид бил неуспешен.
„Бевме разочарани, но се одлучивме да пробаме уште еднаш. Во мај, 2017-та откривме дека сме бремени!“
Продолжува на следната страница…