Прекрасна вистинска приказна што ќе ви докаже дека љубовта на далечина може да опстои

Прекрасна вистинска приказна што ќе ви докаже дека љубовта на далечина може да опстои

На прв поглед ќе помислите дека ова се само одлични фотографии од патување на еден сосема нормален пар. Тоа е така сè додека не ја слушнете приказната зад фотографиите, љубовта за која тие се бореле и покрај сите пречки. Роб и Џоли прв пат се сретнале кога патувале. Но имало еден проблем, Роб е од Америка, а Џули од Филипините. По средбата, тие станале пријатели на Фејсбук. Кога сфатиле дека имаат чувства еден за друг, решиле пак да се видат.

neverojatna-ljubovna-prikazna-za-parot-koj-imal-vrska-na-dalechina

Бидејќи живееле далеку еден од друг, морало да бидат креативни. Бидејќи и двајцата сакале да патуваат, одлучиле да се сретнат на „половина“ пат, во разни земји низ целиот свет. За време на нивните патувања тие биле заедно, но за кратко повторно се разделувале. Како сувенир од секое патување, тие правеле по една фотографија на местата што ги посетувале. Години подоцна, тие можат да се пофалат со импресивна колекција фотографии! Затоа и конечно решиле да го споделат својот проект за да ги инспирираат сите парови во врски на далечина.

„До неодамна овие фотографии ги споделувавме само со пријателите и семејството. Но сфативме дека нашите фотографии можат да инспирираат многу парови, особено оние кои се во врска на далечина. До сите вакви парови – секогаш следете го вашето срце, без разлика на растојанието. Имајте верба, направете го вашето и сè ќе биде во ред“, изјавила Џоли.

Милано, Италија

(1)neverojatna-ljubovna-prikazna-na-parot-koj-imal-vrska-na-dalechina-kafepauza.mk

Национален парк Џошуа Три, Калифорнија, САД

(2)neverojatna-ljubovna-prikazna-na-parot-koj-imal-vrska-na-dalechina-kafepauza.mk

Чоколадни ридови, Бохол, Филипини

(3)neverojatna-ljubovna-prikazna-na-parot-koj-imal-vrska-na-dalechina-kafepauza.mk

Барселона, Шпанија

(4)neverojatna-ljubovna-prikazna-na-parot-koj-imal-vrska-na-dalechina-kafepauza.mk

Лисабон, Португалија

(5)neverojatna-ljubovna-prikazna-na-parot-koj-imal-vrska-na-dalechina-kafepauza.mk

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар