Неверојатна љубовна приказна: По 70 години брак, починале држејќи се за рака

Неверојатна љубовна приказна: По 70 години брак, починале држејќи се за рака

Едно сончево австралиско утро во една мала црква биле поставени два ковчези. Во едниот се наоѓала Норма Џун Плател (90), а покрај неа, во другиот бил нејзиниот сопруг, Френсис Ернест (92).

Неверојатна љубовна приказна: По 70 години брак, умреле држејќи се за рака

„Ковчегот на тато беше на левата страна, а на мама на десната, исто како што секогаш спиеја во креветот. Ако може срцето да пукне од тага, моето се распарчи тој ден додека ги гледав заедно за последен пат, еден до друг како што беа заедно повеќе од 70 години“, изјавила нивната ќерка Аманда.

Аманда споделила како живееле нејзините родители во дом за стари лица пред нивниот крај. Таму не само што делеле иста соба, туку креветите им биле доволно блиску еден до друг за да можат да се држат за рака. Никогаш не сакале да се раздвојат. И двајцата починале на 6-ти јануари, малку пред полноќ. Норма дишела чудно, а Френсис бил необично немирен.

Медицинската сестра ги посетила, а кога се вратила десет минути подоцна и двајцата биле мртви. Починале мирно и заедно, токму како што сакале. Временската разлика во нивната смрт била толку кратка, што лекарот не можел да утврди кој починал прв. Во извештајот стои дека и двајцата починале во исто време.

Неверојатна љубовна приказна: По 70 години брак, умреле држејќи се за рака

Норма, на големо изненадување на лекарите, живеела подолго отколку што мислеле бидејќи имала Алцхајмерова болест во напредна фаза. Пред три години ѝ рекле дека нема да го доживее ни следниот Божиќ, но таа успеала да ги изненади сите. Минатата година ја изгубила способноста за говор и Френсис се обидел на секаков начин да ја задржи сопругата дома, но иако имал помош, сепак повеќе немал сила да се грижи правилно за неа.

Норма бил сместена во дом, а ова му го скршило срцето на Френсис. Секој ден со такси одел во домот и минувал време со неговата сакана. Ја хранел, ѝ зборувал и ја држел за рака. Заедно гледале телевизија, а таа често му заспивала на рамото.

По некое време Френсис доживеал мозочен удар, па и тој бил сместен во домот. Спиел на левата страна од нејзиниот кревет и велел дека неговиот дом е таму каде што е таа.

Неверојатна љубовна приказна: По 70 години брак, умреле држејќи се за рака

Нивната ќерка се потсетила на последниот пат кога ги видела живи.

„Влегов во собата и клекнав покрај тато. Го фатив за раката. Тој ги отвори очите и рече: ‘Менди, сега би сакал да одам дома’. Не знам дали мислеше назад во семејниот дом или во рајот. Никогаш нема да знам. Но знам дека беше уморен од животот и сакаше да пронајде мир. Мама лежеше во креветот покрај него и се смееше.“

Аманда изјавила дека кога татко ѝ имал мозочен удар и останал врзан за креветот, и нејзината мајка го правела истото, иако бил подвижна. Кога тој одбивал храна, ниту таа не сакала да јаде. Кога тој не сакал да пие вода, не сакала ни таа. Нивната поврзаност била неверојатна.

„Тато со радост раскажуваше како се запознале. Тоа било на некоја игранка. Таа носела светло син фустан, а во црвенкастата коса ставила свежи цветови. Тој помислил дека гледа во филмска ѕвезда. И мама раскажуваше за нивната средба. Често кажуваше како после игранката истрчала дома и ѝ кажала на нејзината сестра дека го запознала момчето со коешто ќе се венча.“

За да ѝ купи веренички прстен во форма на роза, Френсис го продал неговиот мотор. Аманда пронашла и писмо кое мајка ѝ му го пратила на татко ѝ на почетокот на нивната врска. Во писмото пишувало:

„Мој драг сакан Френсис, толку сум возбудена што ќе станам твоја сопруга. Ти ветувам сега пред Бог дека ќе те сакам со целото мое срце и повеќе од кој било друг, до крајот на животот.“

Во текот на нивните животи, Норма и Френсис имале три деца – една ќерка и два сина.

Прочитајте ги и овие вистински љубовни приказни што ќе ве натераат повторно да верувате во љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар