Неверојатна древна техника со која луѓето добиваат натприродни способности
Древните цивилизации кријат многу мистерии и неверојатни техники што не ѝ се познати на јавноста. Нема да погрешиме доколку претпоставиме дека не е сѐ така како што ни било кажано на училиште и од страна на медиумите. Што ако ви кажеме дека древните цивилизации можат да ве научат како да се здобиете со натприродни способности? На пример, замислете си никогаш да не почувствувате потреба за храна или да добиете телепатски способности!
Цивилизациите што негуваат култ кон сонцето како што се Египќаните, Маите и Ацтеките, како и тибетските и индиските духовни водичи, нашле начин како да се стекнат таквите способности и несебично ги споделиле нивните техники и сознанија.
И самиот Никола Тесла некогаш кажал дека неизбежно е животот да се развие во форма на постоење на која нема да ѝ треба храна и која нема да биде попречена од нејзините ограничувања. Тој верувал дека сите живи суштества треба да бидат способни да ја добиваат потребната енергија од животната средина, наместо од исхраната.
Без разлика дали знаел за што зборува или не, оваа способност е возможна преку древната трансформациона техника наречена „гледање во сонцето“ или „sun-gazing“.
Што е тоа гледање во сонцето?
Гледањето во сонце вклучува постепено изложување на очите на сончева светлина во периодите од денот кога ултравиолетовите зраци се со најмал интензитет, односно на изгрејсонце или зајдисонце. Станува збор за многу строга техника чии правила треба да ги следите до најситни детали.
По завршувањето на одреден период, луѓето кои ја практикувале оваа техника откриле дека нивната потреба за храна комплетно исчезнала и дека ефектите се навистина неверојатни. Гледањето во сонце уште се нарекува и „феноменот ХРМ“ по познатиот гледач во сонце Хира Ратан Манек, кој доброволно се пријавил да биде испитуван од страна на науници и истражувачи. НАСА спровела истражување кое траело 100 дена и во кое тој бил набљудуван 24/7.
Истражувачите заклучиле дека Хира навистина немал потреба за храна и дека неговиот мозок покажал неверојатни способности кои не биле забележани кај ниту едно друго човечко суштество. Најинтересно било откритието дека неговиот мозок бил способен да ги одржува нервните клетки во живот до бесконечност.
Од што се состои техниката?
Постојат неколку правила што треба да се следат со огромно внимание.
1. Гледањето во сонце мора да се врши по изгрејсонце или пред зајдисонце за да не се оштетат очите поради ултравиолетовото зрачење.
2. За време на гледањето во сонце мора да бидете боси и да имате контакт со земјата. Можете да стоите на песок, во кал или на трева.
3. Мора да почнете само со 10 секунди првиот ден и да го зголемувате траењето на гледањето во сонце за 10 секунди секој нареден ден.
Процесот мора да трае 9 месеци со тоа што последниот ден гледањето во сонце треба да трае 44 минути. По завршувањето на 9-месечниот период, треба да престанете со гледање во сонцето и да почнете да одите боси 6 дена по 45 минути. Последниот чекор е да ја задржите насобраната енергија со тоа што ќе одите боси најмалку 3-4 дена неделно, по 45-60 минути секој ден.
Што му се случува на телото за време на гледањето во сонце?
Сончевата енергија е чиста, слободна и бесконечна. Тоа значи дека гледањето во сонце ќе има големо влијание на вашето тело и ум од различни аспекти. Во првите 3 месеци од процесот се смета дека сончевата енергија ќе почне да се движи преку очите и ќе го полни ретинохипоталамичниот тракт. Тоа е патот што ги поврзува ретината и хипоталамусот.
Потоа мозокот постепено се активира со помош на соларна енергија. Во овој период, гледачите во сонце објасниле дека го доживеале првото психичко искуство и почувствувале ослободување од стресот и грижите. За време на овој период, луѓето исто така изјавиле дека имале намалена потреба за храна која постепено се намалувала сѐ повеќе секој нареден ден. Иако се вели дека гладта исчезнува, се препорачува да продолжите да консумирате храна додека не снемате апетит природно. Тогаш телото го менува неговиот извор на енергија и ја заменува храната со сонцето.
Друга придобивка е зголемената самодоверба и способност за решавање проблеми. Освен тоа, се верува дека лошото однесување предизвикано од психозите исчезнува, а стравовите се заменуваат со позитивен став. По 3-6 месеци гледање во сонце, физичките заболувања почнуваат да исчезнуваат. Кога гледањето во сонце ќе достигне до 30 минути дневно, сите бои од спектарот ќе стигнат до мозокот.
Терапевтите со бои им го припишуваат исчезнувањето на физичките болести на карактеристиките на боите што доаѓаат до мозокот. Се смета дека сите органи и системи во телото реагираат на различни бои од спектарот. На пример, за болести на црниот дроб терапевтите препорачуваат да се изложите на зелена боја за да заздравите. Црвената е за бубрезите, а жолтата за срцето.
По 6 месеци гледање во сонцето, добиената енергија не се користи повеќе за поправка на телото и умот и може да почне да ви помага со стекнувањето натчовечки способности.
Што се случува по заздравувањето?
Кога ќе стигнете до 7-миот месец од процесот, потребата за храна треба да почне да исчезнува. Во 9-тиот месец, луѓето кои стигнале дотаму велат дека има значителни промени во начинот на кој се чувствуваат. Гладта и потребата за храна целосно исчезнале и гледачите во сонце ги полнеле батериите само со помош на соларна енергија.
По овој период, треба да одите боси по 45 минути дневно. За време на овој период, сите нервни завршетоци на стапалата почнуваат да стимулираат различни органи и жлезди што се поврзани со нив. Тогаш епифизата целосно се активира. Се вели дека епифизата е поврзана со скриените психички способности. Нејзината активација ќе ви помогне да ја развиете моќта за телепатија, висока духовна свест, зголемена интелигенција и многу повеќе.
Внимавајте на ризиците!
Со гледањето во сонце се изложувате на ризик од оштетување на очите поради ултравиолетовото зрачење. Меѓутоа, индексот на ултравиолетово зрачење изнесува 0 во првиот час од изгрејсонцето и последниот час пред зајдисонцето. Оние кои правилно ја применувале оваа техника изјавиле дека ги прегледале очите и резултатите не покажале никакви оштетувања. Се препорачува да ги проверите очите по првите недели од процесот за секој случај.
Освен тоа, воопшто не се препорачува да гладувате или да не пиете доволно течности. Целото искуство ќе ви биде корисно и да не успеете целосно да ја елиминирате потребата за храна. Треба да одбрнете внимане на тоа како ви влијае оваа техника и да ги прилагодите вашите навики врз основа на телесните реакции.
Во продолжение прочитајте повеќе за техниката „јадење сонце“ и како таа може да ви помогне да добиете натчовечки способности.