Претходно
Неверојатен иглу хотел
Секоја година тимот на „Iglu-Dorf“ создава неверојатни иглу хотели на неколку различни места на Алпите и на Пиринеите. Потребни се околу 3.000 тони снег за да биде изграден секој дел од комплексот.
Комплексот го сочинуваат иглу хотел, бар, голем број тунели, како и повеќе посебни иглу спални соби. Дополнително сите делови од овој комплекс се декорирани со прекрасни скулптури направени од снег и мраз. Местото е одлично за зимски одмор, зарем не?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.