Претходно
Нешта што ќе ви докажат колку брзо минува времето
Изгледа како вчера да танцувавме на синглот на Бијонсе „Single Ladies“ додека „Ајронмен“ го даваа во кината. Тешко е да се поверува дека поминаа 10 години од појавата на овие нешта и неверојатно е колку брзо лета времето. Би сакале ли да се потсетите каков ни беше животот пред 5, 10 или 15 години? Прочитајте во продолжение.
Пред 15 години
- Музичкиот бенд Evanescence беше на врвот на својата кариера. Песните како „Bring Me to Life“ и „My Immortal“ ги држеа првите позиции на топ листите.
- Бијонсе и нејзиниот иден сопруг Џеј Зи го освоија светот со нивниот хит „Crazy in Love“.
- Во кината сите се обидуваа да го пронајдат „Немо“ и го гледаа последниот дел од „Господар на прстените“.
- Но, 6-те Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм, ги добива „Чикаго“ со Рене Зелвегер, Кетрин Зета Џоунс и Ричард Гир.
- Бритни Спирс станува најмладата пејачка со ѕвезда на „Булеварот на славните“ во Холивуд.
- Кристина Агилера ги објавува најуспешните синглови од нејзината кариера – „Beautiful“ и „Fighter“. Малку подоцна ќе ги изненади фановите со промена во нејзиниот имиџ.
- Нокиа 3660 со необичната тастатура е навистина популарен помеѓу девојките. Сепак, моделот 2100 станува најпопуларен за таа година.
- Џ. К. Роулинг ја објавува петтата книга од серијалот со Хари Потер – „Хари Потер и редот на фениксот“.
- Арнолд Шварценегер станува гувернер на Калифорнија.
Продолжува на следната страница…