Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитувате
Плажата е совршено место за забава и опуштање, но за да не се посрамотите, секогаш треба да внимавате што правите.
Следете ги овие правила и ќе немате никаков проблем.
1. Вовлечете го стомакот
Стомакот мора постојано да ви биде вовлечен за да можете да ги импресионирате дамите во вашата блиска околина.
2. Заштитен фактор од сонце
Доколку некој од вашите пријатели не може да се намачка на тешко достапните места, асистирајте му.
3. Позирање
Доколку не направите еден куп фотки, исто како да не сте биле. Затоа секогаш позирајте покрај прекрасното море.
4. Мачката секогаш со вас
Доколку чувате мачка, донесете ја на плажа. Таа ќе ужива и нема да ви претставува никакво оптоварување.
5. Одглумете романтична сцена со партнерот
Зајдисонце, бранчиња и песочна плажа. Одморот е совршен за рекреирање на романтична сцена.
6. Не заборавајте ги и очилата за сонце
За да не дојде до незгодна ситуација, внимавајте каде гледате. Очилата за сонце можат да ви помогнат.
7. Не одете во длабокото
Доколку не знаете да пливате добро, разладете се во плиткото. 🙂
8. Истакнете се
Доколку сакате да бидете главен фраер на плажа, можете да покажете некоја акробатска вештина.