Неодоливи животни со природни чадорчиња

Неодоливи животни со природни чадорчиња

Дивите животни имаат свој начин на справување со дождот, но понекогаш знаат да се најдат надвор на отворено кога истура, па токму затоа треба и да импровизираат. Во овие моменти тие изгледаат како мали човечиња кои држат чадор над својата глава.

(1) Неодоливи животни со природни чадорчиња

Поголемите животни се кријат под дрвја или карпи кога врне, но некои од нив, како мечките, едноставно ќе се истресат и тие се веќе суви. Орангутаните и другите видови мајмуни, многу често користат големи лисја од дрвјата во џунглата со цел да го спречат дождот да паѓа директно врз нив. Дури и на рибите и водоземците кои живеат во вода им пречи дождот, па токму затоа ќе нурнат подлабоко со цел да го избегнат. Во некои ретки случаи можете да забележите и верверичка со вистинско чадорче…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар