Неодоливи фотографии: Овој пар ги заменил свадбените букети со мали кутриња
Беки и Џон ја планирале својата венчавка кога еден човек објавил на Фејсбук дека бара дом за семејство кутриња што ги нашол во дворот на соседот. Беки и Џон ја виделе објавата и решиле да го прифатат предизвикот.
Најпрво, посвоиле само 2 кутриња и ги крстиле Пени и Печ. Кутрињата биле толку мали што не можеле да седат дома сами. Беки и Џон морале да отпатуваат за да набават некои работи за нивниот меден месец, па ги понеле кучињата со себе.
Потоа, посвоиле уште 3 кутриња од семејството, Роли, Лаки и Фреклес. Кога Беки и Џон ги учеле кутрињата како да преминат од млеко на храна за кучиња, тие толку многу се валкале што морале да ги бањаат секогаш кога ќе јаделе, неколку пати дневно. Вистински хаос!
Беки и Џон ги посвоиле сите кучиња кога се вселиле во својот нов дом. Воопшто не се двоумеле дали да ги вклучат нивните кутриња во големиот ден. Кому му требаат букети кога можете да имате мали кутриња?!
Сите кутриња го нашле својот дом веднаш по свадбата на Беки и Џон. Семејствата кои биле заинтересирани да ги посвојат кутрињата, поднеле апликации и препораки, вклучувајќи и препораки од нивните ветеринари.
Печ го нашол својот дом кај тетка му на Џон, па затоа брачниот пар може да го посетува.
Беки цврсто верува дека сите тие непрестајни прегратки што ги добивале кутрињата додека ги чувале, ќе ги претворат во прекрасни кучиња!
Доколку сакате да погледнете уште една необична венчавка, видете ја оваа невеста која немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици.