Неодолива свадбена фотосесија: 5-годишно девојче со срцева мана посакало да се омажи со најдобриот пријател
На прв поглед, 5-годишната Софија изгледа исто како и секое друго дете. Таа е весело и зборлесто девојче со огромна насмевка на лицето. Но, малкумина знаат дека таа е вистински борец!
Софија Кјапалоне од Конектикат, САД била родена со генетска срцева мана. Имено, таа била родена со половина срце, односно недостасувала целата негова десна страна и не се очекувало дека ќе ја доживее 3-тата година од животот. Меѓутоа, Софија го докажала спротивното!
Уште од бебе, Софија поголемиот дел од времето го поминувала во болница. Сега повторно се подготвува за уште една операција, која ќе биде нејзината 4-та операција на отворено срце. Но, пред тоа, девојчето посакало да ѝ се оствари еден од нејзините најголеми соништа.
Софија посакала да има венчавка од соништата и да се „омажи“ со нејзиниот најдобар пријател, Хантер.
„Единственото нешто што таа го посакуваше беше да се омажи со љубовта на нејзиниот живот“, изјавила мајка ѝ Кристи.
Кристи добила дозвола од родителите на Хантер и организирала „свадбена фотосесија“ за децата. Децата се дотерале за таа прилика и се забавувале додека позирале за фотографиите. Сега Софија е подготвена за уште една борба!
Кристи стапила во контакт со фотографката Мариса Балети – Лавои која со задоволство прифатила да помогне
„Бев почестена и возбудена што имав можност да го документирам големиот ден“, напишала Мариса на Инстаграм.
Мариса ги фотографирала Софија и Хантер во еден локален парк.
„Ми се насолзија очите кога ја видов целата дотерана. Бев преплашена дека тоа можеби е единствениот пат кога ќе го видам моето дете во невестински фустан. Тоа беше како да гледате чиста невиност во нејзината најчиста форма. Таа се бори за нејзиниот живот уште од првиот здив, но тоа е и единственото нешто што го познава“, изјавила Кристи.
„Повеќето луѓе чекаат цел живот за да сретнат човек кој ќе биде покрај нив во тешките и болните периоди. Софија го запозна тој човек на 3-годишна возраст“, открила Кристи.
Продолжува на следната страница…