Неодолива реакција: Девојче мисли дека невеста е вистинска принцеза од книгата што ја држи
Повеќето девојчиња имаат можност да запознаат принцези само во Дизниленд, но ова мало девојче ја имаше таа среќа да види една од нив на улиците во Сиетл. Замислете си да држите сликовница од вашата омилена бајка и одеднаш пред вас да се појави принцезата од корицата! Девојчето го доживеало токму тоа! Можете да претпоставите каква била нејзината реакција?
„Се венчавме со сопругата минатиот февруари и за време на фотосесијата поминуваа едно мало девојче со мајка му. Малото девојче мислеше дека мојата прекрасна сопруга е принцезата од нејзината омилена книга што ја држеше во раце токму во тој момент“, изјавил Скот Робертсон.
Со оглед на тоа што сето ова се случило за време на фотографирањето, фотографката Стефани Кристали успеала да направи неколку добри фотографии. Малото девојче дури и добило цветче од букетот на невестата по име Шандес Лерма.
„Вашата сопруга засекогаш ќе биде принцезата од Балард за неа“, му кажала мајката на Скот.
Од фотографиите може да се забележи дека девојчето не може да ја тргне насмевката од лицето. Погледнете само со каков восхит ја гледа невестата која за неа не е ништо друго освен принцеза! Сигурни сме дека оваа средба засекогаш ќе ѝ остане во сеќавање како еден од најубавите моменти во детството.
Ако оваа приказна ви го стопи срцето, погледнете како детенце со аутизам се вљубува на прв поглед во Снежана.