Неодолива мачка со „две лица“ ќе ви го освои срцето
Никој не сака дволични луѓе, но кога станува збор за мачиња со крзно во две нијанси, особено кога тоа е точно на средината, едноставно не можеме да не се заљубиме. Нарнија била родена на 28 март 2017 година, и од тогаш воодушевува милиони луѓе на социјалните мрежи. Мачките со ваков вид мистериозен изглед се познати како химери, односно нивните клетки содржат два вида ДНК, предизвикана од состојба кога две ембриони се спојуваат во еден. Ретко се случува поделбата да е олку уникатна, но кога тоа ќе се случи, сè што ни преостанува е да се воодушевуваме…
Запознајте ја и Јана, уште една мачка со две бои на лицето кои се рамномерно распоредени!