Неодолива група кучиња секојдневно се шетаат заедно и обожаваат да позираат за фотографии

Неодолива група кучиња секојдневно се шетаат заедно и обожаваат да позираат за фотографии

Ако сте сопственик на домашно милениче, многу добро знаете дека чувањето животно не е лесна задача. Повеќето од нив се неодоливи суштества што секогаш се тука за нас, па затоа и имаме должност добро да се грижиме за нив и да им посветуваме голем дел од нашите време и енергија. Но, не сите се во можност да ги шетаат своите четириножни пријатели секој ден. Токму затоа и шетачите на кучиња стануваат сè побарана работа ширум целиот свет.

Во интерес на времето, шетачите на кучиња најчесто работат со цела група и ги носат на дневно дружење, шетање, вежбање… На тој начин тие и создаваат силно чувство за заедница, а тоа е од исклучителна важност за секое куче.

Можеби би помислиле дека шетањето група кучиња е тешко, бидејќи едноставно ништо не ги спречува да прават сè што сакаат или да се борат измеѓу себе, но шетачите на кучиња точно знаат што прават и како да ги истренираат овие крзнени пријателчиња за да уживаат во целото искуство. Групите обично се состојат од 10-15 кучиња кои одлично се согласуваат помеѓу себе. Тие постојано соработуваат и уживаат во времето поминато заедно. А кога ќе видат фотоапарат… па, како што можете и самите да видите, доброволно позираат и изгледаат како една голема и среќна фамилија.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар