Неодолива 5-месечна питома лисица го менува угледот на својот вид

Неодолива 5-месечна питома лисица го менува угледот на својот вид

Рајлаи е 5-месечна црвена лисица која го освоила срцето на илјадници луѓе ширум светот како едно од најслатките домашни миленичиња на Инстаграм. Откако таа била родена во април, ги поминува своите денови во јадење, играње и неодоливо слатко спиење. Бидејќи таа е бела, многумина веруваат дека Рајлаи е арктичка лисица, но бидејќи не била родена во дивината, таа добила варијации на бојата правејќи ја уникатна. Исто така таа се однесува и многу различно од другите припадници на нејзиниот вид. Дури и покрај своите диви корења, сепак се однесува како и секое друго домашно милениче.

(1) Неодолива 5-месечна питома лисица го менува угледот за својот вид

И покрај тоа што според фотографиите можеме да видиме дека таа е припитомена, сепак нејзините сопственици велат дека лисиците како миленичиња не се соодветен избор за секого.

„Лисиците се прекрасни и неверојатни миленичиња, но сепак бараат многу работа. Секогаш велам дека ако работите со полно работно време и имате активен социјален живот, подобро е да не размислувате да земете лисица како милениче. Доколку живеете во стан, исто така не треба да размислувате за тоа. Кога им е здодевно тие брзо можат да станат деструктивни, гласни и тврдоглави. Малку се тешки за тренирање во домот, но имаат и други негативни карактеристики. Сепак доколку сте заинтересирани за предизвикот, претходно направете добро истражување за потребите на лисиците.“

(2) Неодолива 5-месечна питома лисица го менува угледот за својот вид

Оваа лисица многу го менува сфаќањето за другите од својот вид кои најчесто се убиваат за нивното крзно. Откако ќе ги разгледате нејзините фотографии на Инстаграм, сигурни сме дека веќе никогаш не би помислиле да купувате облека која е направена од крзното на овие животни. Погледнете колку е слатка таа…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар