Необјавени рачно напишани стихови од Џим Морисон
Прочитајте една од многуте необјавени поеми на Кралот на гуштерите, Џим Морисон. Почетокот на овој ракопис е украсен со „Окото кое гледа постојано“, симбол од египетската митологија, кој харизматичниот фронтмен на „The Doors“ го користел како заштитен знак.
Да им се плукнам на остатоците
од урнатините на една империја,
Да им се плукнам на прашинатa
и ужасната кралица,
Да ù се плукнам на женската
пред портите на градоначалникот,
Да им се плукнам на сите ваши жени.
Ги третирав истите со почит,
пред вашите воини да се вратат
од царството.
Последниот стих е пречкртан од страна на Морисон, а тој пред него е премногу експлицитен за да го напишеме овде.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Или преведете ја поемата како што треба или воопшто не објавувајте статија за ова. Мал совет: ако неќите експлицитни содржини, подалеку од Морисон! а не да ја користите вашата креативност и да изменувате оригинални текстови. ок?
Филип, Ви благодариме за советот, но, за жал, не можеме да го прифатиме. Содржините Ви ги „сервираме“ согласно нашата уредувачка политика, Ви се допаѓало вам тоа или не. На преводот му претходи оригиналниот ракопис на Морисон, па со оглед на тоа мислам дека не сме Ве „оштетиле“ или оставиле покуси за некоја информација. Ако експлицитноста е нечиј стил, не значи дека по автоматизам треба да стане и наш, а исто така, не значи и дека треба да избегнуваме такви личности во нашите постови. Жалам што не можеме да ве послушаме и за Вашето наметнување на изборот „или-или“. Многу од содржините не дозволуваат буквален превод, така што, креативноста и слободата на изразување се добредојдени… Не би сакале да навредиме ниту еден наш читател, затоа и чувствуваме должност да Ви понудиме објективен одговор на Вашиот коментар. На таков фидбек се надеваме и од читателите. Поздрав
Оригиналноста често пати знае да биде експлицитна….таа не е фина и културна но не секој знае да ја почитува правилно. Според мене доколку сте сакале да го објавите текстот а притоа да не бидете „експлицитни“ сте можеле на преводот да ставите „…………“ и да го испочитувате до крај Морисон. На крајот на краиштата ако вашата уредувачка политика сервира креативност и слобода на изразување тогаш не требало воопшто да го преправате текстот и да давате објаснување. Која е поентата да се објавуваат необјавенирачно напишани стихови од Морисон ако преводот на македонски не се совпаѓа со оригиналот? 🙂 Како и да е Морисон е премногу добар за да биде корегиран според мене па макар што во овој случај е експлицитен според вас 🙂