Необично семејство преку неодоливи фотографии ни покажува дека љубовта е најважна
Ова семејство е малку необично, ако ги гледаме вообичаените стандарди. Тоа се состои од младо девојче, нејзините разведени родители и новиот вереник на мајка ѝ. Според една неодамнешна студија, околу 40% од браковите вклучуваат сопружник кој веќе кажал „Да“ барем еднаш во својот живот. Но, тоа што е необично во овој случај, е што сите членови функционираат одлично едни со други. Во една вирална објава на Фејсбук, што била споделена над 136 илјади пати, „бонус таткото“ од Хабард, Тексас – Дилан Ленокс, ја објаснува топлата врска помеѓу сите 4 членови на ова мешано семејство и ве убедува дека сè може да функционира, ако има желба од сите страни.