Необично руско семејство: Мајка, татко и мечка како домашно милениче
Запознајте го Стефан, питома мечка која живее со своите луѓе, Светлана и Јуриј Пантелинко во Москва. Тие го посвоиле Стефан кога бил само 3-месечно бебе, откако бил пронајден во многу лоша состојба од страна на ловци во шумата во близина на нивниот дом. 23 години подоцна, оваа слатка мечка станала бесценет член на семејството кој помага во домот со наводнување на растенијата. Таа исто така обожава и да гледа телевизија со Светлана и Јуриј.
„Тој обожава луѓе и е навистина социјална мечка – спротивно на мислењето на другите, воопшто не е агресивен. Ние никогаш не сме биле гризнати од Стефан“, вели Јуруиј.
Стефан дневно јаде 25 килограми риба, зеленчук и јајца. И останува во добра форма така што игра фудбал. Тој исто така се занимава со глумење во филмови и позирање за фотосесии. Погледнете.