Необично пријателство: Срамежливи гепарди стануваат пријатели со слатки кучиња
Иако гепардите изгледаат непокорливо и опасно, тие се многу нервозни суштества. Тие понекогаш стануваат толку анксиозни што не знаат како да се социјализираат меѓусебно и не можат да се размножуваат. Поради тоа што нивниот вид полека почнал да исчезнува, јасно било дека им треба помош која се појавила во малку неочекувана форма.
Ним им требала емоционална поддршка која им ја давале токму кучињата!
„Станува збор за љубовна приказна во која еден животински вид му помага на друг да преживее“, изјавил Џек Гришам, потпретседател на зоолошката градина во Сент Луис и координатор на гепардите во Северна Америка.
„Доминантните кучиња се од голема помош, бидејќи гепардите се многу срамежливи по природа и тоа не може да се смени. Кога ќе ги здружите овие животни, гепардите го набљудуваат однесувањето на кучињата и почнуваат да го имитираат“, објаснила Џенет Роуз – Хинстроза, тренер на животни во зоолошката градина во Сан Диего.
На овој начин гепардите ја добиваат смирената, позитивна и безгрижна енергија од кучињата. Тоа им помага да станат посамоуверени и порасположени за размножување.
Сѐ што треба да прават гепардите е да се опуштат и да уживаат исто како кучињата и да се размножуваат!
Погледнете го и следново видео за да видите како изгледа необичното пријателство помеѓу кучињата и гепардите.
Во продолжение погледнете ја оваа зоолошка градина во Кина која ги става луѓето во кафез, додека животните слободно шетаат.