Необично пријателство: Був и пајче делат ист дом
Неодамна, артистката и фотографката Лори Вулф, ги истражувала сите домови за птици што таа и нејзиното семејство ги направиле во нивниот двор во Јупитер, Флорида. На нејзино изненадување, таа забележала како една мајка патка ги преместила своите јајца.
„Мајката патка ги тргнала јајцата од своето гнездо и одлетала на друга локација“, објаснува таа. „Ние веруваме дека патката ги преместила јајцата затоа што гнездото било нападнато – на дното можеа да се забележат остатоци од скршено јајце.“
На местото каде што таа оставила едно од јајцата се вселил був, кој живеел таму целото време додека пајчето било во гнездото. Кога тоа конечно се испилило, тие продолжиле да си седат еден до друг. За среќа, Лори била во близина и го овековечила овој момент со фотографии.
Откако ги направила фотографиите, загрижена за животот на пајчето бидејќи бувовите се познати предатори, таа се обидела да ги раздвои. Но, пајчето скокнало до својот дом и истрчало до езерцето во близина каде што ги повикало своите родители. Неверојатна приказна!