Необично истражување: Мажите со помали чекори се посклони на еректилна дисфункција

Необично истражување: Мажите со помали чекори се посклони на еректилна дисфункција

Мажите што одат со мали чекори имаат до 40% поголем ризик од еректилна дисфункција бидејќи имаат послаби мускули околу интимната област. Барем тоа велат резултатите од новото истражување спроведено од страна на јапонските научници.

Тие ја мереле должината на чекорите и споредувале со тоа колку мажите можат да ги подигнат нозете од земјата додека оделе. Се покажало дека оние што оделe со помали чекори имаат поголема шанса за развивање еректилна дисфункција. Главниот истражувач, д-р Шинго Хатакиама, вели дека силата на мускулите во интимниот предел и нозете се клучен фактор за ерекилна дисфункција.

Откритието било објавено во магазинот Сексуална медицина, а истражувањето било спроведено на 324 мажи. Била мерена должината на чекорите, која се делела со висината на подигнување на стапалото, што укажува на рамнотежа, баланс, флексибилност и сила на мускулите – што во Јапонија се смета за основа на мерење на подвижноста.

Должината на чекорите може да биде знак за сила и здраво либидо, а со тоа и да укажува на високо ниво на тестостерон. Според д-р Раж Персад, должината на чекорот се поврзува и со подобро функционирање на крвните жили, како и со повисока самодоверба за сексуалните вештини.

Мажите чии чекори биле помали, поминувале во просек 153 сантиметри во два чекора, додека оние со подолги чекори достигнувале далечина од 166 сантиметри во два чекора.

Прочитајте и како јагодите, боровинките и црвеното вино можат да го подобрат вашиот сексуален живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар