Необично истражување: Дали гледањето филмови влијае на нашите брчки?

Необично истражување: Дали гледањето филмови влијае на нашите брчки?

Резултатите од една неодамнешна студија покажуваат дека гледањето одредени филмови предизвикува привремено појавување на брчки! Студијата опфатила 2.000 учесници на кои им биле пуштени хорори и трилери, како и комедии, и потоа споредувале како кожата им реагирала на тие филмови.

Во просек, оние што гледале хорор по 20-тина пати направиле гримаса на ужас, додека пак оние кои гледале трилер дури 50-тина пати направиле гримаса на шок, напнатост или изненадување. Учесниците кои гледале комедија се насмеале околу 115-тина пати во текот на филмот.

„Шокираниот или престрашениот израз на лицето има посилно дејство на кожата, односно предизвикува појава на брчки околу очите и на челото. Оние што често гледаат филмови кои предизвикуваат такви реакции, во текот на 5 години од гледањето, ќе имаат до 50% поизразени брчки од некој што не гледа хорор или трилери“, наведува д-р Хари Синг, авторот на студијата.

Па, ако гледате возбудливи филмови, очекувајте да имате дополнителни брчки околу очите, додека пак, ако повеќе сакате комедии, брчките ќе ви се појават околу усните. Што мислите вие, дали ова истражување ја покажува реалната слика или пак, можеби нешто друго е во прашање?

Погледнете ги и овие 5 штетни и несакани ефекти од гледањето порнографски филмови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар