Необични желби и тестаменти - Part 2

Необични желби и тестаменти

6. Џон Брендон Кели пак, се пошегувал во тестаментот. Напишал дека неговата последна желба е сметките од купената облека на неговата ќерка, принцезата Кели, да не го доведат кнежевството Монако до банкрот. Во делот од тестаментот наменет за неговиот син, стои дека му ги остава личните предмети, трофеите, прстените, накитот, часовниците, облеката, спортската опрема, без вратоврските, кошулите, џемперите и чорапите. Се шегува дека нема потреба да му го препишува имотот, бидејќи тој веќе ја презел сопственоста и контролата врз него.

Необични желби и тестаменти

7. Познатиот американски илузионист Хари Худини посакал неговата сопруга да одржи духовна сеанса со која тој повторно би се појавил пред неа. Худини за ваквите сеанси се заинтересирал по загубата на мајка му. Неколку години се обидувал на ваков начин да се поврзе со неа, но на крајот се откажал. Сепак, тој бил убеден дека може да се комуницира со мртвите. За да го докаже тоа, Худини на сопругата ѝ оставил тајна белешка со 10 случајно избрани зборови, со кои бил убеден дека ќе комуницира со неа по неговата смрт. Десет години по ред неговата сопруга одржувала сеанси на Ноќта на вештерките, но Худини нормално не се појавил.

Необични желби и тестаменти

8. Самопрогласениот француски император Наполеон Бонапарта, побарал после неговата смрт да му ја избричат главата и косата да им ја поделат на неговите пријатели. Во една неодамнешна анализа на парче коса од Бонапарта, чувано кај негов пријател, било откриено дека влакната содржат големо количество арсен. Според научниците, симптомите пред неговата смрт навистина укажуваат на труење со арсен. Постојат шпекулации дека ѕидовите во неговата соба содржеле арсен и дека таквото опкружување го убило. Други веруваат дека тој бил постепено отруен преку храната од страна на Англичаните. Неговиот лекар Франческо Анотомарки пак, објавил дека официјална причина за смртта е рак на желудникот. Арсенот тогаш се употребувал за лекување сифилис.

Необични желби и тестаменти

9. Новинскиот магнат Вилијам Херст во тестаментот напишал: „Секој што ќе докаже дека е мое дете, ќе добие сума од еден долар. Изјавувам дека секое од тие тврдења ќе биде лажно.“ Тој е син на мултимилионерот Џорџ Херст, кој два од весниците ги добил со наплаќање коцкарски долгови. Нивната внука Пети Херст е еден од најпознатите примери за синдромот „Стокхолм“ (кога жртвите емотивно се врзуваат со нивните киднапери). По нејзиното киднапирање во 1974 година, таа застанала на страната на нејзините грабнувачи, а подоцна со нив и учествувала во кражба.

Необични желби и тестаменти

10. Џон Боуман – неговата последна желба била и по неговата смрт, семејството секојдневно да се подготвува за вечера, во случај тој пак да се врати меѓу живите. Но, неговата сопруга и двете ќерки починале пред него, па тој станал убеден дека кога ќе умре, сите заедно ќе се реинкарнираат. Им оставил 50 илјади долари на слугите за да ја чуваат куќата и да продолжат да ги вршат редовните домашни обврски до нивното реинкарнирање. Побарал и дневниот оброк да се подготвува и служи на време, во случај некој од нив да се врати гладен.

Необични желби и тестаменти

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар