Необични свадбени трендови во 2014

Необични свадбени трендови во 2014

Многу работи немаше пред 10 години, смартфони, Пинтерест, Инстаграм, Твитер… Ова секако го прави различен скоро секој аспект од животот, но дали сте помислиле колку технологијата и социјалните мрежи го имаат променето начинот на кој ги организираме и посетуваме свадбите?

?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Ова се 4 необични свадбени трендови кои ја бележат 2014.

1. Покани „Не сте поканети“

Во последно време многу парови се одлучуваат за мали свадби, понекогаш со цел да ѝ избегаат на традицијата, а многу често заради тоа што просторот кој го изнајмуваат е предвиден за помал број луѓе. Веројатно и буџетот си игра улога во ова.

Навистина е чудно кога нема да добиете покана за свадба од некој што го чувствувате за доволно близок за да ве покани, но новиот тренд е добар за двете страни. Со културна порака ги известувате сите луѓе кои ги познавате и кои би очекувале да бидат поканети на вашата свадба, дека поради ограниченост на просторот, на вашата веселба ќе присуствуваат само најблиските и жалите што не тие нема да бидат дел случувањето. Некако за непоканетите, ова веднаш делува коректно и веројатно тие не би држеле лутина поради ова.

2. Офлајн свадби

Уште еден тренд е присутен откако настапи ерата на паметните телефони и социјалните мрежи – константно „фоткање“ и поставување фотографии на Инстаграм, Пинтерест, твитање во живо од местото на случувањето итн.
Ако правите свадба веројатно сте најмиле армија професионални фотографи и сниматели, па можеби не сакате „неофицијални“ фотографии да истекуваат во јавност. Има доволно луѓе кои ќе се погрижат да ги фатат најдобрите моменти, а потоа и ќе им ги понудат на гостите да ги купат оние фотографии на кои ги има. Праксата е земање на телефоните на влез и враќање кога гостите ќе си заминуваат.

3. Консиерж за социјални медиуми

Овој тренд е сосема спротивен на претходниот. Ова се свадби на кои се најмени посебни лица кои се одговорни за сите хаштагови кои треба да се користат при споделување на фотографии од „зад сцената“ на сите социјални мрежи.

4. Розови венчаници

И порано сме гледале венчаници во други бои, но најчесто ако се заобиколува традиционалната бела, обично изборот паѓа на бојата шампањ. Оваа сезона трендот е променет и сега се хит розовите фустани, боја која одлично одговара со лесните лелеави материјали кои даваат изглед на принцеза. За тоа придонесоа модните свадбени линии на некои дизајнери како онаа на Вера Ванг за есен, 2014.

Кој свадбен тренд го имате забележано вие? На кој начин се имаат променето свадбите во последно време?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар