Необични сознанија за овошјето
Секое овошје се разликува од другите по некои специфики кои го прават посебно. Тоа претставува клуч во среќниот и витален развиток на луѓето и има здраво и благородно дејство, одлично за правилната и нормална исхрана на човекот. Ова се неколку навистина специфични и многу интересни податоци поврзани со различни видови овошја. Инспирација за овој пост е ултрапопуларната игра за Ајфон, Ајпод и Ајпед „Fruit Ninja“.1. 25% од масата на јаболкото е составено од вода. Поради оваа причина тоа не може да потоне.
2. Мангото има исто толку витамини, колку и портокалот.
3. Римјаните ги користеле јагодите за лекување на многу болести.
4. Лубениците се состојат од 92% вода.
5. Најголемата лубеница во светот тежела 119 килограми.
6. Истражувањата покажуваат дека честото консумирање јаболка, може значително да ги намали шансите за заболување од повеќе видови рак.
7. Големите лимонови дрвја можат да родат од 1.000 до 2.000 плодови годишно.
8. Стеблото на крушката може да издржи температури, ниски дури и до 40-от Целзиусов степен под нулата.
9. Семките на јаболкото се малку отровни, но недоволно за да му наштетат на човечкиот организам.
10. Постојат повеќе од 1.200 видови лубеници, кои се одгледуваат во 96 земји во светот.
11. Јагодите се единственото овошје кое има семки на надворешниот дел од својот плод.
12. Недозреаните ананаси се отровни.
13. Консумирањето црни сливи ја подобрува апсорпцијата на железо во телото.
14. Една третина од ананасот во светот расте на Хаваите.
15. Сливите растат на сите континенти на светот, освен на Антарктикот.
16. Една просечна јагода има отприлика 200 семки на нејзе.
17. Ананасот некогаш бил многу ретко овошје, токму затоа и ја доби титулата кралот на овошјето.
18. Кивито порано се нарекувало по неговото оригинално име „јанг тао“ (yang tao) или во превод сончева праска.
19. Внатрешноста од лушпата на бананата може да се искористи за полирање кожени чевли.
20. Доколку со внатрешноста од лушпа на банана го намачкате местото убодено од комарец, можете да го намалите чешањето.
21. Најголемиот дел од витаминот Ц во крушката, се наоѓа во нејзината лушпа.
22. Лимонот содржи повеќе шеќер од јагодите.
23. Јаболкницата е способна да раѓа плодови повеќе од 100 години.
24. Во просек еден човек јаде по 65 јаболка годишно.
25. Доколку го стоплите лимонот пред цедење, ќе добиете повеќе сок.