Необични сексуални обичаи ширум светот

Необични сексуални обичаи ширум светот

Дали некогаш сте слушнале дека во минатото во хавајската култура имало обичај да им се дава име на своите гениталии? Или пак, дека членовите од кралството и народот имале песни во кои ги опишувале своите полови органи? Постојат уште многу интересни, и малку бизарни обичаи, а дел од нив ви пренесуваме во продолжение.

1-neobichni-seksualni-obichai-shirum-svetot-www.kafepauza.mk_

1. Во стариот Египет се верувало дека текот на реката Нил е предизвикан од ејакулацијата на богот Атум. Поради тоа фараоните ритуално мастурбирале во славната река.

2. Народот Гуајиро од Колумбија има занимлив облик на забава. Во церемонијалниот танц девојката може да му ја постави ногата на момчето. Ако го направи тоа, нивниот танц мора да заврши со секс.

3. Жителите на малиот остров Инис Беаг на крајбрежјето на Ирска се меѓу најзатворените општества, кога станува збор за сексуалните активности. Возрасните луѓе никако не ја соблекуваат до крај својата долна облека, ниту во текот на сексуалниот однос и сите сметаат дека сексот е лош за нивното здравје.

4. Во Средниот век црквата велела дека мисионерската поза е единствената „правилна“ поза за сексуален однос.

5. Некои племиња на Хималаите практикуваат полиандрија и сите браќа делат една сексуална партнерка. Така тие немале многу деца кои не можеле да ги издржуваат поради суровите животни услови.

6. На некои острови во Полинезија било сосема нормално да се набљудуваат родителите додека имаат секс. Децата спиеле во собата заедно со своите родители и биле присутни во текот на нивните сексуални односи.

Прочитајте и за следниве неколку обичаи за првата брачна ноќ кои ќе ве шокираат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар