Необични работи кои се случуваат со соларната еклипса
Луѓето секаде зборуваат за убавината на претстојната соларна еклипса, но таа е многу повеќе од убава глетка. Постојат многу чудни работи кои се случуваат со неа, а овие работи се исто посебни колку и самото затемнување.
Кога месечината покрива само мал дел од сонцето, разгледајте ги околните дрвја. Погледнете ги нивните сенки и ќе забележите стотици „слики“ на делумно прекриеното сонце.
Точно пред целосното затемнување се појавува и друга интересна сенка. Оваа сенка е составена од тенки брановидни линии кои се предизвикани од атмосферскиот ветар на Земјата.
Сè околу вас ќе изгледа како да е осветлено на чуден начин. Во минатото многумина дури плачеле од убавината на овој момент. Животните се збунети во овој период, а тоа го прави целиот феномен уште почуден. Замислете си штурчињата да свират во текот на денот како да е ноќ.
Пред сонцето целосно да биде покриено ќе го забележите неверојатниот ефект на дијамантски прстен. Некои луѓе дури тврдат дека можеле да забележат и некои планети околу сонцето додека траело ова.
Веднаш по дијамантскиот прстен се појавуваат розови зраци кои се издолжуваат зад месечината.
Многу луѓе не разговараат за овие работи и не се свесни дека соларната еклипса е многу повеќе отколку покривање на сонцето. Ако обрнете доволно внимание можеби ќе ги забележите многубројните прекрасни работи кои ги предизвикува овој феномен. И се разбира, не заборавајте да користите соодветна заштита кога ќе ја набљудувате еклипсата.
Погледнете ги и овие сончеви феномени кои изгледаат нереално.