Необични октоподи кои се бакнуваат

Необични октоподи кои се бакнуваат

Научниците откриле ретка раса октоподи кои досега не биле достапни за окото на јавноста. За разлика од другите веќе познати октоподи, кај кои женките имаат лоша навика да ги јадат своите партнери за време на сексот, „Големите пацифички пругасти октоподи“ за време на парењето ги спојуваат своите клунести носови и усни, притискајќи се еден со друг во интимна прегратка.Необични октоподи кои се бакнуваатОва прекрасно животно исто така може и да ја смени својата боја, од темно црвена до црно-бели линии и точки во зависност од местото каде што живее. Овој океански жител е достапен за набљудување во Академијата за науки во Калифорнија, Сан Франциско.

„Возбуден сум дека посетителите на Академијата ќе можат да го видат ова фасцинантно животно одблизу, во аквариум, каде што ќе можат да ја забележат целата негова убавина, уникатните техники на парење и социјалните навики кои ги има во општеството на главоногите,“ изјави Ричард Рос, биолог во Академијата на Науки.

Овој октопод бил првпат откриен во 1991 година, но повеќе од една декада бил целосно заборавен. Видот е толку нов, што сè уште нема име. За разлика од другите видови октоподи, женките преживуваат многу години по положувањето на јајцата, наместо да починат веднаш по првото размножување. И покрај тоа што научниците сè уште не знаат многу за условите во кои овие животни живеат, се верува дека тие се дел од големи групи од по 40-тина октоподи од истиот вид.Необични октоподи кои се бакнуваатНеобични октоподи кои се бакнуваат


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар