Необични и ретко познати факти за бременоста
Бременоста е состојба која менува многу работи кај жената, како густината на косата, должината на стапалата и чувството за мирис. Но, ова не се единствените чудни факти кои се поврзани со блажената состојба и раѓањето.
1. Просечното времетраење на бременоста е 280 дена, но познат е барем еден случај за бременост која траела повеќе од една година.
2. Бебињата може да имаат ерекција во утробата.
3. Жените развиваат засилено чувство за мирис како резултат на хормоналните промени во телото.
4. Во еден случај, орален секс има резултирано со забременување.
5. Стапалата на жените може да се зголемат за еден број во текот на бременоста.
6. На бремените жени не им паѓа косата. Напротив, им станува побујна и погуста.
7. Возможно е близнаци да имаат различен татко. Тоа се има случено во 2009.
8. Раѓањето близнаци е за 4 пати почесто во Нигерија отколку на кое било друго место во светот. Никој не знае точно зошто, но некои мислат дека тоа е поради конзумирањето големо количество сладок компир.
9. Мајката може да има секс за време на бременоста благодарение на амниотичната течност. Таа го штити бебето така што има улога на амортизер помеѓу бебето и сѐ што ја притиска матката на мајката.