Необични еко-производи
Денес индустријата сè повеќе се ориентира кон изработка на еколошки производи кои не ја загадуваат околината, го рециклираат она што понекогаш погрешно го нарекуваме „отпад“, при што се добиваат нови извори на енергија. И покрај тоа што свеста кај луѓето не се менува така брзо, секоја година не изненадува некој нов изум и најнова технологија, кој треба да ни помогне во создавањето попријателски однос кон природата. Погледнете дел од нив.
.
Светилка која работи на крв
Проблемот со потрошувачката на енергија е во нејзиното нерационално користење, но прашањето е како да научиме да бидеме штедливи?! Мајк Томпсон дизајнирал светилка на која и се потребни неколку капки крв за да функционира. Светлоста се создава како реакција на луминолот и железото од еритроцитите. Со неколку вакви светилки во домот, секој добро ќе размисли пред да го вклучи светлото кога тоа не е потребно.
„Жива“ завеса за туширање
Недостигот на чиста вода за пиење е еден од најголемите проблеми на човештвото. Некаде ја има премалку, а во некои делови од светот чиста вода се користи и таму каде што тоа не е потребно. За оние кои предолго се тушираат Елизабет Бучер осмислила два типа завеси, една која после некое време се дува и ве заробува и друга од којашто излегуваат пластични шилци кои ве попречуваат во уживањето, додека водата тече врз вас.
Простирка за бања од мов
Мов вирее на влажни места, па затоа бањата е одлично место каде можете да ја чувате, а притоа да имате и некаква корист од тоа. Чувството под вашите нозе е прекрасно, а водата што капе од вас по туширањето е одлична за нејзино растење. Простирките се направени од три вида мов на подлога од посебен вид пена. Одржувањето нема да биде проблем дури ни за оние кои не се особено успешни во одгледувањето растенија, бидејќи е доволно да стапнете со влажни нозе на простирката од мов за таа да вирее.
Соларен костим за капење
Ретко каде може да се најде толку неискористена енергија како во лето на плажа. Ова било доволна инспирација за Ендру Шнидер да го дизајнира соларниот костим за капење. Изработен е од голем број соларни плочки и преку USB приклучоци може да полни батерии и разни уреди.
„Малиот принц“
„Малиот принц“ е име за нов вид роботи за одржување билки. Делуваат на принцип на стаклена бавча, можат да се програмираат да бараат хранливи материи, а во себе содржат потребни резерви за почетен развој на растенијата. Одделните роботи се поврзани со безжична врска. Автор на овој пронајдок е Мартин Миклица.
Принтер без тонер
Особено интересен изум е принтерот кој користи молив наместо тонер. Вметнувате истрошени моливи и на тој начин го „храните“ принтерот со графит, кој му е потребен за печатење. Постои и опција за бришење, па така хартијата може да се користи неколку пати. Принтерот е дело на Хојонг Ли.
Теретана на вода
Ова е нешто што ќе ги мотивира и мрзеливите. Тертаната на вода се движи со помош на работата на справите кои се користат при вежбањето. Убав поглед, вежбање, забава и подобро здравје, е тоа што жителите на Њујорк би требало да ги оттргне од нивните каучи. Проектот е на Мишел и Даглас Јоаким, а е осмислен уште во 2005 година.
ЗД принтер за храна
Истражувачите од универзитетот во Корнел добиле необична, скоро налудничава идеја, да создадат ЗД принтер за изработка на храна. Потребните материјали за подготовка би биле сместени во шприцови и со комбинирање би се добил саканиот производ. Како точно мислат да добијат толку многу различни производи и вкусови од само една машина сè уште не е познато, но тие тврдат дека ваквиот начин би ја отстранил потребата од транспорт, пакување, готвење и послужување.
Машина за тоалетна хартија
Машината за преработка на отпадна хартија е изум што доаѓа од Далечниот исток. Оваа направа е доволно мала за да може да се смести во секоја фирма, многу е ефикасна, а резултатите се веднаш видливи. За само половина час отпадната канцелариска хартија ја претвора во ролна тоалетна хартија. Хартијата најпрво се меле и кваси со вода, а потоа со помош на валјаци се обликува во тенок слој и се витка во ролна. Единствениот проблем со оваа машина е нејзината цена – 100.000 долари.
Прочитајте и за утопиското еко-село предвидено за настраданите од земјотресот во Хаваи 2010 година.
Svetilkata i printerot mi se najinteresni! 🙂