Необична причина за машките проблеми во кревет

Необична причина за машките проблеми во кревет

Знаевте ли дека загадувањето на воздухот може да влијае на способноста на мажот во креветот? Имено, едно ново истражување покажало дека изложеноста на токсичните автомобилски издувни гасови е поврзана со еректилната дисфункција.

Необична причина за машките проблеми во кревет

Научниците веруваат дека вдишувањето на отровните честички може да предизвика воспаление на крвните садови. Поради ова, во гениталиите се појавува недостаток од кислород што има влијание врз машката сексуална возбуда.

Пред две години било спроведено уште едно истражување од овој тип, во кое учествувале 400 мажи изложени на токсични гасови. Резултатите покажале дека овие мажи имале 15% поголеми шанси да се соочат со проблеми кога станува збор за сексот.

„Нашите резултати отворија простор за грижа за влијанието на долгорочното изложување на издувни гасови врз развојот на еректилната дисфункција“, изјавиле научниците кои работеле на истражувањето.

Во Велика Британија, 1 од 10 мажи страда од овој проблем, а се смета дека дури третина од случаите се последица од токсичните издувни гасови.

Знаевте ли дека сексуалниот потенцијал на мажите може да зависи од нивната крвна група?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар