Ненадминливи цитати од познатиот психолог Ирвин Јалом: Целата мудрост на животот се наоѓа во овие зборови
Ирвин Јалом е познат американски психотерапевт и автор на неколку книги, а во продолжение ќе прочитате неколку цитати од неговите познати дела што ќе ве погодат директно во центарот на душата.
„Порано или подоцна, ќе мора да се откажете од надежта за подобро минато.“
„Да се сака значи активно да се грижи за животот и за развојот на друго битие.“
„Стравот од смртта е мајка на сите религии, а секоја од нив на свој начин се обидува да ја ублажи агонијата на нашиот крај.“
„Живејте додека сте живи. Оној што не живее во вистинско време, не може ни да умре во вистинско време.“
„Не дозволувајте животот да ве живее вас. Во спротивно, ќе ги дочекате четириесеттите години чувствувајќи се како никогаш да не сте живееле. Живејте го животот за на педесет години да не погледнете во четириесеттите со жалење.“
„Вашите потреби се мали и лесни за исполнување. Не комплицирајте го животот со тривијални цели, како што се богатството и славата. Славата се состои од мислењата на другите и нивните барањата да живееме според нивните желби. За да постигнеме слава, мора да го сакаме она што другите го сакаат и да го презираат она што тие го презираат. Колку повеќе добиваме, толку повеќе сакаме и толку е поголема бездната на нашата тага кога желбата не ни е задоволена. Ако барате среќа, не трошете го животот борејќи се за она што навистина не ви е потребно.“
„Љубовта не е само искра страст помеѓу две личности. Постои бесконечна разлика помеѓу заљубувањето и љубовта. Љубовта е начин на постоење, модел на живеење во поврзаност, а не чин ограничен само на една личност.“
„Дали мислите дека цветот цвета да да биде сакан? Тој цвета за себе, а не за другите.“
„За да може некој навистина да се поврзе со некој друг, тој прво мора да се поврзе со самиот себе.“
„Бракот не смее да биде затвор, туку градина во која се одгледува нешто благородно.“
„Полесно е да ги почитувате наредбите отколку да си наредувате сами.“
„Домот не е место – тоа е состојба на свеста.“
„Секој човек мора да одлучи колку вистини може да поднесе.“
„Запрашајте се кои луѓе се сигурни во себе, вечно весели и смирени. Такви се само луѓето без визија, обичните луѓе и децата. Очајот е цената што човекот ја плаќа за самосвесноста.“
„Само ранет исцелител може навистина да лекува.“
„Од голема висина, секоја трагедија изгледа помалку трагично.“
„Животот е искра светлината помеѓу два празнини: темнината пред раѓањето и темнината на смртта.“
„Човечкиот дух е составен од неговите избори.“
„Фантазирам за љубов што е нешто повеќе од желбата на две лица да се поседуваат еден со друг.“
„Кога принудувате некоја личност со ретки таленти да направи нешто што е само корисно, тоа е како да користите скапа и деликатно украсена вазна како кујнски сад.“
„Пред многу време научив дека е полесно да се справиш со лошата репутација отколку со лошата совест.“
„Ако барате среќа, не трошете го животот борејќи се за она што навистина не ви е потребно.“
Прочитајте ги прекрасните совети од принцезата Дијана кои се полни со мудрости за животот.