Нема извинување: Единствената машка навика која сите жени ја сметаат за одвратна

Нема извинување: Единствената машка навика која сите жени ја сметаат за одвратна

Постои низа машки навики кои жените едноставно не ги разбираат, но тоа не значи и дека им пречат. Баш напротив, некои жени можеби дури и токму поради овие навики се привлечени од одредени мажи. Но, постои една од нив, која според новите истражувања, особено им „гази на живци“ на жените. Според добиените резултати, за оваа навика едноставно нема никаков изговор.

Нема извинување: Единствената машка навика која сите жени ја сметаат за одвратна

Станува збор за плукање во јавност. Таа без сомнение е една од машките навики со кои жените едноставно не можат да се помират. Досега, некои од членовите на машкиот пол се обидувале да смислат изговори за овој чин, како насобирање вишок плунка, но повеќето од нив воопшто не ни помислувале дека треба да се правдаат за оваа навика. Од друга страна, жените едноставно се „ежат“ кога тие го прават тоа крај нив.

Стоматологот Сузан Мејплс, авторката на книгата „77 тајни кои само вашата уста може да ви ги каже“, го срушила митот зад оваа навика. Имено, не постои ниту здравствен, ниту еволуциски, ниту биолошки изговор за плукањето во јавноста. Од друга страна пак, не постои ниту едно истражување кое покажало дека мажите произведуваат повеќе плунка во својата уста, па поради тоа мора да ја исфрлаат на овој начин. Станува збор за култура.

Некои мажи плукаат само затоа што возрасните веруваат дека тоа е кул однесување и бидејќи во детството никој не им велел да не го прават тоа, како што е случајот со девојчињата. Оваа навика може да се објасни и како рудиментарен остаток од старите времиња кога мажите често џвакале тутун, кој потоа го плукале. Но, тоа не е доволна причина за ова однесување да продолжи да постои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар