Нема да ви се верува: Сè што е кај нас чудно во Јапонија е нормално

Нема да ви се верува: Сè што е кај нас чудно во Јапонија е нормално

Тие што биле во Јапонија можат да потврдат дека таму како да постои друг свет. Прочитајте ги следниве факти за оваа неверојатна земја и подгответе се да останете целосно без зборови!

1. Во Јапонија не може да се најде нечист одводен канал, таквите канали се толку чисти што во нив живее и плива рибата позната како јапонски шаран. Оваа земја е позната по својата чистота, но јапонскиот шаран е риба која живее во исклучително чисти вода. Па, можете само да замислите колку е чиста Јапонија, ако одводниот канал е доволно добар за таа риба!

2. „Дали би ми ги перела моите гаќи, маче?“ – е вообичаена реченица со која Јапонец запросува девојка! Можеби кај нас ова ќе звучи навредливо, но тие не го сфаќаат така. Всушност, само на најсаканата личност би ѝ дозволиле да ја пере нивната долната облека.

3. Луѓето со ситно лице се сметаат за убави. Ако во Јапонија ви кажат дека имате мало лице, тоа е комплимент. Во една прилика еден водител на Мадона ѝ рекол дека имала мало лице, а таа се збунила затоа што не знаела дека тоа е комплимент и одговорила: „Но, имам големо срце!“

4. Во Јапонија на лето се носи повеќе облека отколку во која било друга земја. Дамите во Јапонија не сакаат да добијат рак. И покрај високите температури можете да ги видите како носат ракавици или фустани кои го прикриваат телото. Жените таму водат сметка за своето здравје!

5. Само познатите личности носат очила за сонце. Дури и ако сонцето е многу силно, тие попрво ќе носат чадор отколку очила за сонце. Тоа е така поради нивното верување дека само познатите и странците треба да ги носат.

6. Дозволено е сркање на храната. Јапонците се исклучително културни луѓе, но кога храната е во прашање тие сакаат да ја сркаат – особено жешките тестенини. Тие сметаат дека единствено така ќе може да го почувствуваат вистинскиот вкус.

7. Нема многу канти за ѓубре. Туристите се збунети кога ќе забележат дека таму нема многу канти за ѓубре со оглед на тоа колку чиста нација се. Меѓутоа, тие сакаат своето ѓубре да го однесат дома каде што ќе го рециклираат правилно.

8. Тие лежат со часови во када со жешка вода. Тоа не е класично капење затоа што тие „киснат“ во вода без сапун, купка и миризливи масла. Пред да се натопат со вода тие се тушираат, па после тоа легнуваат во вода за после тоа повторно да се тушираат. Оваа вода се дели со останатите членови на семејството.

9. Наместо кој е вашиот хороскопски знак ќе ве прашаат која крвна група сте. Тие преку крвната група го одредуваат типот на личност. Крвната група А што ја имаат поголемиот број од Јапонците се смета за добро организирана и срамежлива. Тие со крвна група О ги сметаат за амбициозни и оптимистични. Ретката крвна група АБ е ексцентрична. А крвната група Б е означена како себична.

Прочитајте и за овие 12 неверојатни земји во кои одењето на одмор е многу евтино.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар