Нема да ви се верува: Се гради скијачки центар во пустина!
Во срцето на пустината во Саудиска Арабија се гради ски-центарот Тројена, кој ќе биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029 година. Станува збор за меѓународен спортски натпревар за членовите на Азискиот олимписки совет, кој се одржува на секои четири години.
Се работи за вештачки изградена снежна оаза за скијање и други зимски спортови во текот на целата година, која ќе се простира на 60 квадратни километри среде пустина.
За разлика од одморалиштето Ски Дубаи, кое нуди скијање среде трговски центар во пустина, Тројена ќе понуди зимски спортови и уживање на отворено. Ќе се гради на педесетина километри од заливот Акапа во област каде температурите се значително пониски отколку во останатиот дел од земјата. Проектот треба да биде готов во 2026 година, како дел од футуристичкиот самоодржлив проект на саудискиот принц Мохамед бин Салман, планиран за регионот.
„Тројена ќе ја има вистинската инфраструктура за да создаде зимска атмосфера во срцето на пустината и да ги претвори овие Азиски зимски игри во настан без преседан“, рече Надми ал-Наср, извршен директор на проектот Неом.
Кога ќе биде готова, Тројена ќе вклучува широк спектар на сместувачки единици – од апартмани до планински куќи, вили и луксузни хотели. Овде ќе најдете бројни ресторани, продавници и разноразни објекти, како и вештачко слатководно езеро наречено The Vault.
Откако прочитавте за најновите достигнувања на Саудиска Арабија, можеби ќе сакате да прочитате и за ресорт во Саудиска Арабија кој им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небо.
Извор: punkufer.dnevnik.hr