Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвце

Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвце

Доколку дрвата би можеле да зборуваат, ова бонсаи дрвце познато како „Hiroshima Survivor“, ќе имаше многу приказни да раскаже. Ова јапонско растение, старо неверојатни 388 години, преживеало разни настани, лоши и добри. Веројатно највпечатлив е фактот што тоа ја преживеало атомската бомба на Американците која го уништила јапонскиот град Хирошима, во 1945 година.Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвцеЛоцирано кај фамилијата Јамаки, на само 3 км оддалеченост од местото каде што експлодирала бомбата, белиот бор бил зачудувачки спасен, со оглед на тоа што парчиња стакло летале кон имотот, како резултат на експлозијата. За среќа, семејството Јамаки поминало без трајни повреди, a дрвцето останало неоштетено. Од бомбата во Хирошима умреле околу 80.000 луѓе и најмалку уште 50.000 умреле истата година, како резултат на радијацијата. Три дена подоцна уште една бомба била фрлена во Нагасаки, но ова дрвце било посилно од сè!Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвцеОва дрвце првпат било засадено во далечната 1625 година, а потекнува од јапонскиот остров Мијаџима и има голема вредност, со оглед на тоа што е многу ретко. Во 1976 година, експертот за бонсаи, Масару Јамаки, го подарил ова орнаментално дрвце на Американците, по повод 200-годишнината од независноста на САД од Велика Британија. До оваа година Јапонците и Американците живееле во мир и добри односи, веќе три декади.Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвцеДенес „Hiroshima Survivor“ е редовен жител на Јапонската колекција на бонсаи, во музејот „National Bonsai & Penjing“, во Вашингтон. Со својата богата историја и преживување низа настани, ова бонсаи дрвце, кое е најстаро во колекцијата, привлекува многу посетители во својот нов дом во Америка.Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвце


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар