Нема да поверувате на кој начин може да ги искористите пластичните шишиња. Погледнете!

Нема да поверувате на кој начин може да ги искористите пластичните шишиња. Погледнете!

Грижата за животната средина и нејзина заштита не се нешто ново. Луѓето сè повеќе смислуваат различни начини за да се намали штетата што ѝ се предизвикува на планетата со некои креативни идеи за рециклирање и повторна употреба на одредени предмети. Затоа погледнете ги овие 9 необични употреби на пластичните шишиња. Овие проекти се едноставни, корисни за секојдневниот живот, но и за заштита на животната средина. Многу е важно да запомните дека на едно пластично шише му се потребни 700 години за да започне со процесот на распаѓање и повеќе од еден век за целосно да исчезне од животната средина.

1-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

1. За чување храна

Искористете 2 пластични шишиња за да направите садови за чување храна како ориз, грав, тестенини и шеќер. Потребно е да ги исечете шишињата во различни димензии: подолго (тоа ќе биде основата) и покусо (кое ќе биде капаче), па спојте ги заедно.

2-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

2. За кофи за наводнување

Многу лесно може да го претворите пластичното шише во кофа за наводнување. Сè што треба да направите се неколку дупчиња на капачето со помош на клинец и чекан. Бидете внимателни! Ако патувате, а немате никого да се грижи за вашите цвеќиња, тогаш шишето навалете го надолу кон саксијата. Или пак, може да го закачете над саксијата, со клинец на капачето, а водата ќе тече пополека и ќе спречи вашето цвеќе да се исуши.

3-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

3. За организирање на вашата работна површина

Користете пластични шишиња за да создадете држачи за моливи и различни организатори за вашата работна површина. Искористете го долниот дел од шишето и декорирајте го по ваша желба. Може да искористите само едно шише или пак повеќе со тоа што ќе ги залепите заедно со лепило. Искористете ја вашата креативност и направете различни димензии и „поплава“ од бои. Украсните селотејпи се супер за украсување на вашите организатори.

4-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

4. За хранење птици

Ако имате градина и сакате во неа да летаат птици, тогаш интересна идеја е да поставите храналка за птици. За тоа може да искористите пластично шише. Една од идеите е да искористите две лажици вметнати во шишето. Направете мали дупчиња и ставете ги лажиците од страна. Наполнете го шишето со храна за птици и овозможете таа да истекува на лажиците. Може наместо лажици да искористите стапчиња за јадење, но мора да се погрижите дупчињата да бидат поголеми за птиците полесно да доаѓаат до храната. Сега само ви останува да ја закачите вашата храналка за птици на дрвото и да чекате тие да дојдат.

5-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

5. За сад за грицки

Долниот дел од шишето може да се искористи за да се направи супер сад за грицки. Исечете го долниот дел од шишето и користете пегла за алишта за да ги поправите несовршеностите (притиснете го нежно горниот дел од садот неколку секунди). Искористете го садот за кикиритки, грицки, чипс и слично.

6-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

6. За лажица во итни ситуации

Ако кампувате далеку од цивилизација или пак на место каде што е многу тешко да најдете лажица, тогаш може лесно да ја направите од пластично шише. Може да ја направите ако го исечете шишето како што е покажано на сликата подолу, со тоа што ќе го искористите долниот заоблен дел за да го добиете делот за црпење. Супер и лесен трик во итни ситуации.

7-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

7. За распрскувач

Ако имате голема градина, а немате доволно време за да ја наводните, тогаш користењето на распрскувач е одлична идеја. Може да направите домашен распрскувач од пластично шише. Направете неколку поголеми дупчиња со клинец и употребете селотејп за да го прицврстите цревото внатре. Сега само пуштете ја водата и дозволете таа да ја наводни вашата градина. Запомнете, користете ја водата само тогаш кога ви е потребна.

8-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

8. За држач на тоалетна хартија

Дали имате деца и секогаш ви е потреба тоалетна хартија за да исчистите нешто? Интересна идеја е да направите држач за тоалетна хартија од пластично шише. Исечете го долниот дел со иста должина како тоалетната хартија и горниот дел кој ќе служи како капаче. Отстранете го делот за капачето на шишето и извлечете ја хартијата. Лесно и корисно.

9-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

9. За организатор на весници

Совршен за чекални и канцеларии. Отстранете го горниот дел и шишињата залепете ги на пластична или на дрвена површина. Исто така, може да го поставите на подот, со тоа што ќе го прицврстите со јаже. Во канцелариите оваа идеја може да послужи како организатор за поштата и слично.

10-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар