Нелегални фотографии од Северна Кореја кои ни покажуваат како живеат тамошните луѓе

Нелегални фотографии од Северна Кореја кои ни покажуваат како живеат тамошните луѓе

Микал Хуниевиц е човекот кој ја добил ретката привилегија да ја посети Северна Кореја. За неговото патешествие да остане забележано, тој решил да направи неколку впечатливи фотографии од земјата кои го опишуваат секојдневието на тамошните луѓе и ја доловуваат атмосферата, иако фотографирањето е законски забрането. Тој бил предупреден дека ќе биде уапсен доколку бидат пронајдени фотографии во неговиот фотоапарат, но Микал сепак успеал да изнесе неколку од нив надвор од земјата, што било едно многу стресно искуство за кое вели дека не би сакал уште еднаш да го повтори. Па, погледнете како изгледа животот во Северна Кореја…

Пристигнување во Пјонгјанг. Микал смета дека ова било режирано бидејќи немало други возови тој ден, а елегантните патници немале никаква причина да бидат таму

Пристигнување во Пјонгјанг. Микал смета дека ова било режирано бидејќи немало други возови тој ден, а елегантните патници немале никаква причина да бидат таму.

Пјонгјанг – групата била пресретната од нивните водичи кои не смееле да ги напуштаат за време на престојот и кои им кажувале кога да спијат и кога да се будат

Во Пјонгјанг групата била пресретната од нивните водичи кои не смееле да ги напуштаат за време на престојот и кои им кажувале кога да спијат и кога да се будат.

Хотелот официјално нема 5-ти кат и до него можете да стигнете само ако ги користите скалите. Вратата е скоро секогаш затворена, но ако успеете да влезете, местото е полно со пропагандни постери и луѓето шпекулираат дека се користи за шпионирање на гостите

Хотелот официјално немал 5-ти кат и до него можете да стигнете само ако ги користите скалите. Вратата е скоро секогаш затворена, но ако успеете да влезете, местото е полно со пропагандни постери и луѓе кои шпекулираат дека се користи за шпионирање на гостите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар