Неколку видови чудаци кои со сигурност ќе ги сретнете на работното место
Секој ужива во средината во која работи, кога своето работно време го дели со колегите кои веќе ги смета за пријатели. Синергијата и енергијата се позитивни, а расположението е секогаш високо, па извршувањето на работните обврски не претставува проблем. Но, секаде постојат луѓе кои покажуваат малку поразлично однесување од другите. Сепак, ќе беше ли животот толку интересен ако сите сме исти? Погледнете кои видови чудаци со сигурност ќе ги сретнете на работното место.
1. Ликот кој ги игнорира сите околу себе
Секогаш доцни на работа, максимално ги избегнува своите обврски, а секогаш добива унапредувања.
Кога е во ваша близина: Гледајте и учете – можеби овој лик поседува некои особини кои можете да ги присвоите за себе. Постои причина зошто сите шефови го трпат неговото однесување, па дури и го унапредуваат. Оставете го да си ја врши работата, а вие фокусирајте се на својата, за да добиете добри резултати.
2. Духот
Очајно ви треба неговата помош, но постои само еден мал проблем – никаде го нема.
Кога е во ваша близина: Со самото тоа што успеавте да го начекате, вие веќе постигнавте голем успех. Експертите велат дека разговорот во четири очи е многу поефикасен од разменувањето имејлови и пораки. Штом ваквиот лик ќе влезе во просторијата, приближете се до него и започнете разговор. Дајте му листа на работите околу кои ви е потребна помош, а потоа објаснете ја листата чекор по чекор и на крајот размислете за сѐ она што треба да се направи и до кој рок.
3. Стариот швалер
Иако носи венчален прстен, овој лик ја користи секоја ситуација што е можно повеќе да се приближи до сите кои „му фатиле око“. Обожава да кажува двосмислени работи.
Кога е во ваша близина: Бидете искрени. Кажете му дека ни најмалку не се интересирате за него (освен ако навистина се интересирате), дека сакате да имате нормален професионален однос и дека би го ценеле повеќе кога ќе запре со ваквото однесување. Ако не го почитува вашето барање, разговарајте со надредените.
4. Радио Милева
Овој лик ги знае сите гласини за секого и мора гласно да ја каже секоја своја мисла. Многу гласно.
Кога е во ваша близина: Овие ликови се често анксиозни или еуфорични. Обидете се да сочувствувате или свртете ја целата ситуација на шега. Во секој случај, решете го ова што поскоро. Тоа може да биде напорно, но ситуацијата ќе биде уште полоша ако ги прикривате своите чувства сѐ додека не се претворат во пасивна агресија.
5. Самозадоволниот сексист
Секогаш мора нешто да прокоментира и да забележи, а овие негови забелешки често ги преминуваат сите граници на добриот вкус.
Кога е во ваша близина: Одлучно прекинете го и кажете му дека сфаќате што сака да каже, но дека имате многу работа која треба да ја сработите. Така ќе му дадете до знаење дека со вас нема шегување и ќе успеете да го држите на дистанца.
6. Вечниот мрчко
Ја мрази својата работа од дното на душата и има само една цел: Да ги претвори сите околу себе во еднакво безволни двојници.
Кога е ваша близина:
„Во новата работа, главната мотивација е надежта, па немојте да дозволите некој да ви ја одземе“, вели Рос МекКамон, автор на книгата „Работи добро со другите“.
Игнорирајте ги „суптилните“ пораки на овие ликови со едно обично извинување со кое ќе им кажете дека сте многу зафатени.