Неколку смешни работи што можете да ги чуете во текот на вашата бременост
Оние коишто веќе биле бремени, може да кажат дека понекогаш слушале чудни и несоодветни прашања во врска со нивната бременост. Денес издвојуваме неколку чудни прашања коишто им биле поставени на разни жени во текот на нивната бременост.
Дали сте слушнале и вие некои од нив?
1. „Веќе во секој момент се очекува, така?“
Ако под „секој момент“ подразбирате уште 3 месеци, тогаш да, во секој момент.
2. „Се обидувавте ли?“
Со други зборови тоа значи: Имавте секс затоа што навистина сакате бебе или затоа што не знаевте како се прават бебиња?
3. „Мислев дека градите ќе ти бидат поголеми“
Факт е дека сите ги немаат истите предности во бременоста!
4. „Тоа ти е само од хормоните“
Извини, не знаев дека ти и моите хормони веќе се знаете…
5. „Не изгледаш толку возрасна за да бидеш бремена“
Ух, сакаш да кажеш дека изгледам како да имам 11 години?
6. „Што ако бебето ти биде геј?“
Покрај сите обиди да не повратам во јавност во текот на бременоста, сексуалната ориентација на моето бебе беше последното нешто на коешто помислував!
7. „Сигурна си дека сакаш да го носиш ова?“
Да, сигурна сум. Всушност, не е лесно да пронајдеш облека во којашто ќе се чувствуваш удобно во текот на бременоста.
8. „Бебето гарант ќе ти тежи кило и пол“
Добро, знам дека ова би требало да биде комплимент, но последното нешто коешто сака да го слушне една бремена жена е дека нејзиното бебе ќе биде со мала тежина.
9. „Треба/не треба да правиш…“
Сметам дека би требало да си го задржите мислењето за себе и да не ми кажувате што треба да правам.
10. „Сигурно ќе имаш девојче“
Читајќи ги книгите за бебињата, ги прочитав и старите приказни коишто велат дека женските бебиња ја крадат убавината на мајка им. Така, секогаш кога некој ќе рече дека носам девојче, малку се налутувам.
11. „Сè ли е таму?“
Можеби од денешен аспект ми изгледа смешно, но ова прашање за сликата од ултразвукот ме прогонуваше долго време.
12. „Како ќе се справиш со две деца?“
За ова се грижев секој ден од мојата бременост со второто дете. Па, ви благодарам што повторно ме потсетивте на мојот најголем страв.
13. „Голема си“
Голема? Навистина? Од сите зборови коишто можеше да ги избереш, баш „голема“ беше најсоодветен?
14. „Изгледаш уморно“
Тоа е затоа што навистина сум.