Неколку причини зошто треба да водите булет-дневник
Секојдневните обврски често од нас бараат да водиме дневник или планер, особено доколку не сме добри со паметењето на задачите и обврските. Со помош на таканаречените булети, можеме да го организираме својот планер многу попрегледно. Се сеќавате дека на сличен принцип се правеа работните планови во училиште?
Ваквиот начин на водење на своите задачи и обврски прави да бидете поорганизирани, поради самиот визуелен впечаток на напишаното. Поради тоа, можете да ги користите овие булети за водење евиденции, за полесно снаоѓање во обврските, во суштина, како организациска алатка и на работа и дома. Ваквите дневници и планери не се наменети само за закажување состаноци, туку може да бидат и вашиот креативен простор за релаксација. Погледнете зошто треба да почнете и вие да ги користите булетите:
1. Не постојат никакви ограничувања
Можете да изберете планер кој претходно е отпечатен со булети и нумерации, а можете и да земете таков со чисто бели листови или пак само со редови. Сето тоа зависи од вашата желба дали сакате да се прилагодите на некаков шаблон или пак самите да цртате и пишувате во слободниот простор.
2. Ви даваат чувство на слобода
Планерите кои имаат однапред испечатени линии ве ограничуваат, но доколку изберете самите да го организирате својот дневник, тогаш имате целосна слобода. Можете да додавате цртежи, фотографии, да го стилизирате текстот како што вам ви одговара, односно работејќи, да ја разбудите и вашата креативна страна.
3. Самите избирате колку сакате да бидат минималистички
Постојат многу видови планери кои се доста популарни во последниве години. Но, тие не секогаш се поклопуваат со вашата желба и начинот на работа, па често се случува многу страници да останат празни, особено ако од вас се бара да запишувате нерелевантни детали. Со помош на булет-дневниците можете самите да дефинирате кои симболи ќе ги користите и лесно да ги категоризирате своите мисли. На овој начин, ќе бидете и многу поорганизирани и ќе успеете успешно да ги приоритетизирате своите задолженија и работни обврски.
4. Дефинирајте симболи со кои ќе ги бележите важните нешта
Составете свој личен индекс или легенда и бележете го секој запис соодветно на тоа. На пример, можете да изберете црвена точка доколку нешто не е важно или пак зелена, доколку нешто треба да се запамети и да се забележи. На тој начин ќе успеете уште на прв поглед да одредите што е релевантно за во иднината, а што може да биде заборавено.
5. Листите со обврски веќе не се модерни
Можеби некогаш бевте љубители на листите, но сега е време да смислите поинаков начин на распоредување на вашите обврски. Булет-дневниците ви ја даваат таа слобода. Одберете слободна форма на запишување на задачите, за да заштедите повеќе нерви, но и внимавајте да изгледа сето тоа убаво, за да имате поголемо задоволство кога се потсетувате.
6. Користете ги како издувен вентил кога не сте расположени
Вашиот дневник може да „истрпи“ сè, па дури и вашето расположение. Користете го за цртање, скицирање или кој било друг вид за креативно изразување на идеите. Размислувајте за запишувањето како креативна терапија, ќе се изненадите колку полесно ќе се справувате со своите емоции доколку дел од нив ги претворате во уметност, па дури и аматерска.
Прочитајте ги и овие корисни совети за водење дневник.