Неколку причини зошто жените живеат подолго од мажите
Знаевте ли дека просечниот животен век на луѓето се зголемува? Момчињата кои се родени денес, во просек ќе живеат 70 години, а девојчињата 74. Но што ја предизвикува оваа разлика? Светската здравствена организација сакала да го дознае ова, па бил направен попис за причина за смрт кај половите.
Од 44 причини за смрт, 33 имаат поголемо влијание врз животниот век на мажите отколку на жените. За ова воглавно се одговорни здравствени причини кои се различни кај половите. Најголема разлика помеѓу мажите и жените се појавила во следниве ситуации:
Болести на срцето: Имаат поголемо влијание кај мажите за 0,84 животни години.
Несреќни на работното место:Имаат поголемо влијание кај мажите за 0,47 животни години.
Рак на белите дробови: Има поголемо влијание кај мажите за 0,4 животни години.
Посилен имунитет поради Х хромозомите
Предноста што ја имаат жените е и генетиката. Таканаречените Х хормони го зајакнуваат имунитетот кај девојчињата, па тие имаат поголеми шанси да го преживеат раниот период од детството. Ова го потврдила и статистиката – во 2017-та година, ризикот од смрт кај момчињата помали од 5 години бил 11% повисок за разлика од девојчињата.
Однесувањето на мажите исто така има влијание врз животниот век. Според Светската здравствена организација, мажите од богатите држави пијат 4 до 5 пати повеќе алкохол од жените. Покрај тоа, болестите кај многу мажи се сметаат за слабост, па за разлика од жените, тие подоцна бараат лекарска помош или совет.
Влијанието на работата врз животниот век
Мажите имаат два пати поголеми шанси да настрадаат во несреќа на работното место за разлика од жените. Причината е што мажите почесто работат на опасни места како градилишта.
Од Организацијата ги споредиле и податоците за самоубиство. Веројатноста дека мажот ќе си го одземе животот е дури 75% поголема за разлика од жените. Покрај тоа, мажите се 4 пати почесто убивани.
Во сиромашните држави, разликите се помали
Интересно е што разликите во животниот век помеѓу половите се помали во сиромашните држави. За ова има две причини – во земјите во развој, многу луѓе умираат од инфективни болести кои подеднакво ги погодуваат и мажите и жените. Исто така, ризикот од смрт за време на бременост или породување е многу поголем во неразвиените држави – една во 40 жени умира. Во развиените земји, умира една жена во 3.300.
Знаевте ли дека жените живеат подолго доколку се опкружени со природа и зеленило?