Неколку причини зошто треба да ја постите Будимпешта што е можно побрзо
Во Европа има многу места кои можете да изберете да ги посетите и кои нудат богати историски споменици, интересни градби, прекрасни глетки, забава и слично. Покрај другите, неизоставен дел од тие места е и Будимпешта, град кој ветува многу. Па, денес ви прикажуваме неколку причини зошто би требало Будимпешта да ја ставите на листата на вашите следни дестинации за патување.
1. Тој е еден од најпознатите историски градови во светот
Будимпешта е покрај Дунав и била дом на луѓето уште од камена доба. Реката и замокот на Буда се во списокот на светско наследство под заштита на УНЕСКО. Кога ќе го посетувате овој град, резервирајте си ноќно крстарење за да ги видите во најубаво светло.
2. Најубавите глетки се бесплатни
Римските, готските и турските стилови го прават овој град архитектонски сон. Посетете ги рибарските кули, кои се сместени на западниот брег на реката Дунав, на ридот Замок од каде што има најдобар поглед на градот.
3. Тој е престолнина на храната и тоа со добра причина
Историјата на храната во Будимпешта буквално спојува векови. Посетете ги прекрасните земјоделски пазари на овошје, зеленчук и колачи.
4. Топлите извори го прават градот како едно големо спа-игралиште
Се вели дека Унгарија има повеќе од 1.000 топли извори, благодарение на тенката земјена кора. Кога ќе го посетувате овој град, дефинитивно вреди да испробате некои од термалните бањи.
5. Големата синагога е прекрасна
Најголемата синагога во Европа го вклучува унгарскиот еврејски музеј и меморијален центар на холокаустот. Сводовите ќе ви го одземат здивот!
6. Постои важен пазар на храна
Големиот централен пазар е најголем пазар во Будимпешта и е стар повеќе од 100 години. На три импресивни нивоа, овде ќе најдете речиси сѐ што ви треба.
За да видите уште причини кои ќе ве мотивираат да го посетите овој град, свртете на наредната страница…