Неколку мисли што ви поминуваат низ глава кога конечно ќе се вратите во родниот град

Неколку мисли што ви поминуваат низ глава кога конечно ќе се вратите во родниот град

Без разлика која е причината што сте излегле надвор од вашиот град, најверојатно постои момент кога ќе треба повторно да се вратите во родното место. Секако, не очекувате работите да бидат онакви какви што сте ги оставиле. Времето ги менува луѓето и местата, а враќањето во родниот град може да ве изненади. Токму во овие моменти кога премногу размислувате, неретко можете да се соочите и со некои од овие работи. Но, тоа е сосема нормално.

4 мисли коишто ви поминуваат низ главата кога конечно ќе се вратите во родниот град

1. Сите ваши познаници пораснале

Се сеќавате на популарната девојка од средно училиште? Таа сѐ уште е слаба како некогаш, но веќе ѝ се познаваат брчките околу очите. Или пак гледате дека најзгодното момче од класот го очекува своето прво дете? Времето не запира, па со тоа се менуваат и луѓето.

2. Работите се поинакви отколку што помислувавте

Можеби мислевте дека вашиот професор по македонски јазик е најпаметната личност на светот, но сепак, и тој е исто така човечко суштество и можете да го сретнете со пијалак во некој бар. А можеби и патеката по којашто возевте велосипед или пешачевте веќе не ви изгледа толку долга.

3. Морате да ги прилагодувате навиките

Онаму каде што сте живееле сте имале свои навики. Навики за купување, за паркирање, за вежбање и слично. Кога ќе се вратите дома, сфаќате дека е невозможно работите да се одвиваат по истиот редослед. Доколку живеете со вашите родители, сосема ќе морате да ги прилагодите своите навики. Секако, веќе и старите пријатели што сте ги имале овде немаат премногу слободно време.

4. Ова секогаш ќе биде ваш дом

На крај сфаќате дека родното место секогаш ќе биде ваш дом. Поради луѓето, поради нештата што ве потсетуваат на детството, поради вашите родители и познаници. Токму овие причини ве прават чувствителни за местото кое секогаш ќе го нарекувате дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар