Неколку факти за тебе

Неколку факти за тебе

Твојот мозок има потенцијал да запомни сè што некогаш си доживеал/а, прочитал/а, слушнал/а и видел/а. Единствениот проблем е што не можеш да се сетиш, но сè е складирано таму некаде.

Неколку факти за тебе

Твоето тело константно ги заменува клетките, толку многу што всушност сега имаш сосема различно тело од пред 7 години.

Количината на информации кои се верува дека мозокот може да ги чува е 1.000 терабајти. Суперкомпјутерот на IBM, Watson, единствениот противник со кој човекот се има натпреварувано, има само 16 терабајти РАМ. Каков „лузер“.

Со спермата што ја имаш во твоите тестиси во моментов (момци), можеш да населиш уште една Македонија, а би ти требале 6 месеци за повторно да ја населиш целата планета од почеток.

Секој што го гледаш во твоите соништа го имаш сретнато во некој момент од животот.

Во текот на животот ќе изедеш околу 50 тони храна.

За да ги вежбаш нозете колку што вежбаат твоите очи, би требало да пешачиш по 80 км на ден, секој ден.

Како бебе си бил/а посилен/на од вол, сразмерно со оглед на големината.

Во следните 4 години ќе произведеш мртва кожа колку твојата телесна тежина.

Твојата коса расте по околу 12 мм месечно.

Константно се потиш, по литар на ден.

Можеш да реагираш на брзини од 274 км на час.

Освен што е запалива, твојата коса е скоро неуништлива.

25.000.000 клетки ти умираат додека ја читаш оваа реченица, но твоето тело создаде 300 милијарди нови денес, така што без грижи.

Си бил/а само клетка околу пола час од твоето постоење.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар