Неколку факти кои ќе ве насмеат и расположат
За многу кус момент вие сте биле најмладиот човек на светот.
Слепите луѓе се смеат и покрај тоа што никогаш не виделе други луѓе како се смеат. Едноставно, смеењето е природна човечка реакција.
Видрите се држат за раце додека спијат за да не отпловат разделени.
Јуџин Кернан ѝ вети на неговата ќерка дека кога ќе оди на Месечината, таму ќе ги испише незините иницијали. Тој го направи тоа, па иницијалите „TDC“ веројатно ќе останат видливи илјадници години.
Мики Маус и Мини Маус се во брак во вистинските животи. Секако, зборуваме за актерите кои ги позајмуваат нивните гласови.
Доколку глумите дека се смеете доволно долго, ќе почнете вистински да се смеете.
Со гушкањето ослободуваме окситоцин кој ни помага во лекувањето на физичките рани.
Желките можат да дишат низ нивниот задник.
Стаорците се смеат кога ги скокоткате.
Пингвините имаат само еден љубовен партнер во својот живот. Тие „запросуваат“ давајќи му камче на својот избраник.
Тоа што верверичките забораваат каде ги ставаат своите желади, резултира со илјадници нови дрвја секоја година.
Во 1957 година, „BBC“ пушти сторија за шпагети кои растат на дрво во Швајцарија. Многу луѓе поверувале, па како резултат на тоа телефонот на медиумот се растурил од ѕвонење, поставувајќи прашање како и тие би можеле да засадат такво дрво.
Секоја година Холандија ѝ испраќа по 200.000 лалиња на Канада во знак на благодарност за помошта во Втората Светска војна.
Еднаш во Јужен Бенд, Индијана, мајмун бил осуден за пушење цигара.
Битлсите го употребиле зборот „љубов“ 613 пати во нивните песни.
Пеперутките вкусуваат со нивните нозе.
Кога машките кученца си играат со женски кученца, намерно им дозволуваат да победат.
Возможно е орангутан и куче да станат најдобри пријатели.
Повеќето деца од Европа родени во 2013, ќе ја доживеат 2100.
Кога бебе ќе ги открие балоните од сапуница за првпат во животот…
Секогаш постои храна која не сте ја пробале.
Некој некаде турка врата на која пишува влечи.
Живеејќи во време кога постојат „кочии“ кои нè возат без коњи, летечки роботи, патување во вселената, брза комуникација на далечина, клонирање, ласери… ние всушност ја живееме иднината која луѓето од минатото си ја замислувале.
Некој во овој момент си поминува незаборавно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.