Неколку чудни и интересни факти за живиот свет

Неколку чудни и интересни факти за живиот свет

Како што веќе знаеме, целиот животински, па и растителен свет е исполнет со многу различни видови кои за нас се многу чудни. Ова е продолжение на некои од најинтересните факти поврзани со живиот свет околу нас.

Еден вид медуза (Turritopsis nutricula) по достигнувањето на зрелоста, има способност да изврши трансформација на своите клетки и да се врати наназад во времето, односно во детството. Тоа може да го прави до крајот на својот живот.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Некои птици преселници имаат магнетен компас во своето тело, односно орган наречен магнет-рецептор, кој им помага во навигацијата користејќи го магнетното поле на Земјата.
  • Мажјакот од видот морски мачки, ги чува своите јајца во устата сè додека тие не се подготвени да се отворат.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Печурката Cordyceps има способност за умствена контрола врз некои инсекти, како на пример мравките, кои ги тера да се качуваат по неа, така станувајќи нејзина храна.
  • Една мала водна мечка (Tardigrade) може да преживее во екстремни средини, кои би го убиле секое друго животно, односно температури ниски до -273 (близу до апсолутната нула) и високи до 151 степен Целзиусов.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Ако викате силно 8 години, 7 месеци и 6 дена ќе создадете доволно енергија за да затоплите една шолја кафе. Но, не вреди да потрошите 8 години на тоа, нели? 🙂
  • Оргазмот кај свињата трае 30 минути.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Луѓето и делфините се единствените видови кои имаат сексуални односи за задоволство.
  • Во просек, луѓето многу повеќе се плашат од пајаци одколку од смрт.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Рожницата во човечкото око е единствениот дел до кој не доаѓа крв.
  • Големата алга (Macrocystis pyrifera) е најбрзиот растечки организам на планетава. Расте по 70 см на ден.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Најголемото јајце на Земјата е она од ној. Потребни се околу 30 кокошкини јајца за да се достигне неговиот волумен и околу 2 часа варење за да се свари.
  • Кога кралицата на рибите-клонови ќе умре, мажјакот го менува својот пол за да го земе нејзиното место.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Лебарката може да живее 9 дена без глава. После 9-тиот ден умира од глад. Кој вели дека потребна ти е главата за да живееш? 🙂
  • Пеперутките чувствуваат вкус со помош на своите нозе.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Слонот е единственото животно кое не може да скокне.
  • Животниот век на една трепка е 5 месеци.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Должината помеѓу лактот и почетокот на шаката е еднаква со должината на вашето стапало.
  • Најголема концентрација на нерви кај човекот има на врвот на прстите.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Копитестите краби имаат сина крв.
  • Некои видови црви имаат и повеќе од 10 срца.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Делфините и китовите се единствените цицачи кои не пијат вода.
  • Камелеонот има јазик кој е поголем од целото негово тело.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

  • Некои лавови се парат околу 50 пати на ден.

Неколку чудни и интересни факти за животните 2

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. daigoumee Reply

    What a great resource!

Остави коментар