Некои од највознемирувачките приказни од ургентните центри
13. Смеа
Корисник на Редит студирал медицина и работел на одделението за пациенти со ментални проблеми. Таму сретнал пациент кој бил студент по хемија и кој земал премногу кетамин. Никогаш не зборувал и се криел под прекривката како мумија. Се смешкал секогаш кога се обидувале да разговараат со него, а според корисникот неговата смеа била најморничавото нешто што го има слушнато.
14. Млад психопат
Во одделот за пациентот со ментални проблеми една мајка го донела својот 7-годишен син. Плачела и не знаела што да прави со него. Наводно, тој насилно ја удирал и ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Исто така имал опсесија со ножеви и мајка му пронашла многу под неговата перница. Понекогаш наоѓала и мртви животни во дворот. Кога се обидувале да го лекуваат, момчето им зборувало на лекарите како робот, како да ги кажувал нештата само затоа што тие сакале тоа да го чујат.
15. Мистериозен случај со дете
Еден заболекар требало да му ги исчисти забите на едно дете. Мајката му кажала дека детето никогаш порано не било на заболекар. Тоа не било реткост, но кога заболекарот го прегледал момчето и му направил рендгенска снимка, забележал дека на момчето му се направени многу процедури, вклучувајќи и пломбирање заби. Кога повторно ги прашале родителите, тие потврдиле дека детето нема посетено заболекар. Мистеријата никогаш не била решена.
16. Камења во бубрегот
Поранешен хирург од армијата на САД имал пациент со тежок случај на камења во бубрегот. Бидејќи болката била неподнослива и не знаел што друго да направи, лекарот му ставил стаклена цевка во мочниот канал. Но, едно нагло движење ја скршило цевката внатре во каналот.
17. Стрела
Еден лекар кој работел во Минесота бил посетен од девојче кое се жалело на болка во раменото. Таа си играла со нејзиниот брат, па сите мислеле дека станува збор за модринка или скршеница. Наместо тоа, откриле дека има врв од стрела во рамото. Откако ја притиснале, девојчето признало дека било застрелано од брат ѝ, но не кажала ништо за да не му предизвика неволји. За среќа, стрелата не го погодила белиот дроб и била отстранета.
18. Бубачки
Додека работел во психијатрискиот оддел за интензивна нега, еден корисник на Редит сретнал жена која дошла на интервју за прием. Имала фластери на рацете и самолеплива лента врз устата и ушите. Кога ѝ поставувале прашање, жената ја вадела лентата, одговарала, па пак ја лепела на устата. Откриле дека жената гледала и чувствувала многу бубачки кои ја лазеле, па ѝ било страв да не влезат внатре во неа.
Погледнете ги и овие вознемирувачки медицински фотографии од минатото.