Некои од највисоките планини во светот што сигурно ќе сакате да ги видите

Некои од највисоките планини во светот што сигурно ќе сакате да ги видите

Можете ли да си замислите да стоите на врвот на некоја од највисоките планини? Проблемот со одредувањето на највисоката планина во светот е основата на планините. На пример, врвот на Килиманџаро не е далеку од морската површина колку кој било од врвовите на Хималаите, но разликата помеѓу основата и врвот е многу поголема. Подобра мерка за височината на планините е „топографска проминенција“, која едноставно кажано одредува колку од планината се истакнува од нејзиното опкружување. Па, погледнете некои од највисоките планини во светот кои ќе ве остават без зборови.

1. Пико Боливар

Некои од највисоките планини во светот што сигурно ќе сакате да ги видите

Пико Боливар е највисоката планина во Венецуела со височина од 4.978 метри. Нејзиниот врв постојано е покриен со снег и три мали глечери.

2. Рас Дашен

Некои од највисоките планини во светот што сигурно ќе сакате да ги видите

Рас Дашен е највисоката планина во Етиопија и 10-тата највисока планина во Африка. Таа има височина од 4.550 метри.

3. Рејнир

Некои од највисоките планини во светот што сигурно ќе сакате да ги видите

Рејнир е масовен стратовулкан лоциран на 87 километри југоисточно од Сиетл, САД. Нејзиниот врв е на височина од 4.392 метри.

4. Намча Барва

Некои од највисоките планини во светот што сигурно ќе сакате да ги видите

Намча Барва е планина на тибетските Хималаи. Традиционалната дефиниција за Хималаите би го направила овој врв источното сидро на целиот планински венец. Намча Барва е висока над 7.600 метри.

5. Чимборасо

Некои од највисоките планини во светот што сигурно ќе сакате да ги видите

Чимборасо е засега неактивен вулкан на Андите. Најверојатно, последната ерупција се случила околу 550-та година. Со врв од 6.268 метри, Чимборазо е највисоката планина во Еквадор.

6. Мауна Кеја

Некои од највисоките планини во светот што сигурно ќе сакате да ги видите

Мауна Кеја е вулкан лоциран на островот Хаваи. Со височина од 4.207 метри, нејзиниот врв е највисоката точка на Хаваи.

7. Кључевскаја Сопка

Некои од највисоките планини во светот што сигурно ќе сакате да ги видите

Кључевскаја Сопка е вулкан кој е највисоката планина на полуостровот Камчатка во Русија. Истовремено, ова е и највисокиот активен вулкан во Евроазија и има висина од околу 4.700 метри.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар