Негувателка открива за што луѓето најмногу жалат на смртна постела

Негувателка открива за што луѓето најмногу жалат на смртна постела

Брони Вер со години работела како негувателка, па одлучила она што го купила како животно искуство да го преточи во текст. Откако текстот се покажал како ултрапопуларен, напишала книга базирана на нејзината приказна и искуство.

Брони вели дека со години работела на палијативна нега и дека луѓето многу созреваат и стануваат многу посвесни кога ќе се соочат со сопствената смртност. На смртна постела секој од пациентите се соочувал со разни емоции и пројавувал различни реакции како на пример нешто очекувано, одрекување, страв, гнев или каење, но секој од нив на крајот покажал прифаќање.

Сепак, на прашањето за што најмногу се каат, некои теми биле позастапени од другите. Еве што забележала Брони, ова се 5-те најчести нешта за кои луѓето жалат на својата смртна постела.

Негувателка открива за што луѓето најмногу жалат на смртна постела

1. Посакувам да имав храброст да го живеам животот онака јас како што сакав, а не како што другите очекуваа од мене

Ова е најчестиот одговор на прашањето за што жалите најмногу во животот? Кога луѓето се на смртна постела лесно е да погледнат назад во нивниот живот и да помислат на сите соништа кои не им се оствариле. Многумина не оствариле ни половина од големите цели и соништа па им било тешко да се соочат со фактот дека не направиле нешто што требало да го сторат.

Пред да биде премногу доцна, осврнете се кон своите соништа. Стремете се кон нивно остварување. Пробајте и трудете се колку и да ви изгледа безнадежно. Живејте онака како што сакате и правете ги работите кои ги сакате, за ваше задоволство, не за нечие друго.

2. Посакувам да не работев толку напорно

Овој одговор дошол од речиси секој машки пациент. Се каеле што го пропуштиле детството на своите деца и како тие растеле, за тоа што не ја вреднувале доволно љубовта на партнерката и не уживале повеќе во нејзиното друштво. И жените исто го искажале ова каење, но бидејќи биле од постарите генерации не биле оние кои го носат лебот дома, односно немале кариери.

Како млади личности сите сонуваме за светли кариери и големи пари кои ќе ни овозможат и нам а и на нашите семејства удобен живот. Но, доколку не успееме да најдеме некаков баланс и доколку заборавиме дека семејството е на прво место, ќе имаме голема тежина тогаш кога веќе нема да можеме да промениме ништо.

3. Посакувам да имав храброст да ги искажам своите чувства

Криејќи ги своите чувства, страсти и емоции, многумина не станале она што сакале да бидат, па морале да се соочат со огорченоста и незадоволството кои доаѓале како резултат од тоа.

Не можеме да ги контролираме туѓите реакции, не можеме да знаеме како некој ќе реагира на нашата искреност. Но, наше е да го кажеме она што го мислиме. Не дозволувајте да ве обземе огорченоста на некажаните зборови. Секој ден ги гледате вашите блиски, луѓето кои ги сакате и почитувате. Кажете им го тоа.

4. Посакувам да имав поцврсти пријателства

Многумина од пациентите признале дека биле толку обземени и преокупирани со себе, своите животи и својата кариера, што дозволиле многу пријателства да им се излизгаат низ прсти.

Нормално е да имате сè помалку време за себе и пријателите со ова брзо темпо на живот. Но, направете време за оние кои ви значат. Пријателството е неопходна потреба на секој човек. На крај, сè се сведува на љубовта и нашите врски со луѓето.

5. Посакувам да си дозволев себеси да бидам среќен/на

На големо изненадување, прилично висок е бројот на луѓе кои се каеле што не си дозволиле да бидат вистински среќни. Предоцна сфатиле дека среќата е избор, начин на живот. Сите биле заглавени во нивните навики без желба да променат нешто, без да знаат дека среќата доаѓа кога ќе излезеш од безбедната зона.

Смејте се гласно, бидете глупави понекогаш, не сфаќајте го животот премногу сериозно и едноставно забавувајте се.

За крај, не заборавајте. Животот е избор. Животот е ваш избор. Одбирајте внимателно и мудро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. David Sataniskov Reply

    Znaci vistinata e taa…samo za zal mnogu od nas ja sfakjaat koga e vekje docna. Site imame ili poznavame mnogu takvi luge so eden den ke zazalat za tie raboti. Treba da se gleda i da se uci od tugite greski. Ova ne e greska koja mozes da ja napravis i da naucis od nea…ZA ZAL…vremeto pominuva i ne moze da se vrati nikogas nazad 🙂 Odlicni soveti

  2. Тања Reply

    Е да сме доволно мудри…

Остави коментар